Манастир Св. Никола (Манастир)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

За современата црква, видете Црква „Св. Никола“

Манастир Св. Никола
археолошко наоѓалиште
Манастир Св. Никола is located in Македонија
Манастир Св. Никола
Местоположба на Манастир Св. Никола во Македонија
Местоположба 41°10′05″N 21°43′41″E / 41.16806° N; 21.72806° E / 41.16806; 21.72806Координати: 41°10′05″N 21°43′41″E / 41.16806° N; 21.72806° E / 41.16806; 21.72806
Основни податоци
Место Манастир
Општина Прилеп
Тип

Археомак 2.0 графички знак (црква).svg црква Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Манастир Св. Николаархеолошко наоѓалиште во прилепското село Манастир. Наоѓалиштето претставува средновековна црква и некропола. Во непосредната близина на селото, од јужната страна се наоѓа манастирската црква „Св. Никола“, која е трикорабна базилика и со две фази на градба. Постарата црква била подигната во 1095 година, а поновата (сегашната) во 1266 година и живописана во 1271. Пред влезот, како и во црквата, има мермерни сполии од римското време, а на просторот околу неа и средновековна некропола. Во текот на конзерваторските работи на црквата се превземени и археолошки ископувања во северниот дел на манастирскиот двор каде што се откриени 12 гроба со конструкции од камени плочи или делумно оградени со камен. Според гробните прилози, некрополата била употребувана во XIV до XV век.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 304, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Macedoniae Acta Archaeologica, број 19, 2010 година