Трпчева Црква (Дуње)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трпчева Црква
археолошко наоѓалиште
Трпчева Црква is located in Македонија
Трпчева Црква
Местоположба на Трпчева Црква во Македонија
Местоположба 41°15′27″N 21°41′31″E / 41.25750° N; 21.69194° E / 41.25750; 21.69194Координати: 41°15′27″N 21°41′31″E / 41.25750° N; 21.69194° E / 41.25750; 21.69194
Основни податоци
Место Дуње
Општина Прилеп
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба Археомак 2.0 графички знак (црква).svg црква Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола

Период среден век
Портал „Археологија“

Трпчева Цркваархеолошко наоѓалиште во прилепското село Дуње. Наоѓалиштето претставува населба, црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на просторот помеѓу селата Кален и Дуње, односно 2 км југоисточно од селото Кален или 2 м југозападно од селото Дуње, а на околу 300 метри лево од современиот пат Прилеп-Витолиште. Овде, на поголема површина се гледаат остатоци од разурнати градби меѓу кои централното место го зафаќа мал сакрален објект, со полукружна апсида и ѕидови од кршен камен и варов малтер, зачувани до еден метар висина. Во непосредната близина на овој објект, на површина од околу 300 - 500 м се гледаат остатоци од други градби. Во 1985/86 година мештаните самоиницијативно изградиле црква од камен и кал врз темелите на сакралната црква. Околу објектот има некропола од која се истражени 40 гробни целости. Пронајдено е дека се работи за едно слојна некропола на редови чии гробови се издлабени во ронлива карпа, а конструкциите им се изведени со делумно или целосно оградување од внатрешната страна на длабнатината, а има и гробови без оградувања. Гробниот инвентар е богат и главно се состои од предмети за украсување кои укажуваат дека почетоците на погребувањето се на крајот на IX и на почетокот на × век, а некрополата била употребувана и преку целиот XI век.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 299, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069