Антанија
„Антанија Градок или Маркови Кули“ | |
Поглед на руините од градот Антанија на врвот Градот | |
| Местоположба | 41°12′24″N 21°43′5″E / 41.20667°N 21.71806°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Манастир |
| Општина | Прилеп |
| Тип | |
| Период | раноантичко време |
| доцноантичко време | |
| среден век | |
| Портал „Археологија“ | |
Антанија (познато и како Градок или Маркови Кули) — антички и средновековен град во Македонија,[1] кој се наоѓал на 32 километри источно од Хераклеја, во јужно Мариово,[2] над Црна Река.
Пред да биде истражен целосно ридот Градот се знаело само дека на месноста Градок или Маркови Кули постоела утврдена населба и базилика од раната антика, доцната антика и средновековна тврдина.[3][4]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа лево од регионалниот пат 1107, пред Расимбеговиот мост, во атарот на селото Манастир.
Се наоѓа на утоката на Лесничка во Црна Река.
Пристап
[уреди | уреди извор]До месноста може да се дојде преку асфалтниот регионален пат од градот Прилеп. Откако ќе се одмине селото Дуње, а пред Расимбеговиот мост се скршнува лево по земјен пат. На блискиот рид наречен Градот се наоѓаат остатоците од древниот град Антанија, чии остатоци јасно се забележуваат на сателитските снимки.
Опис
[уреди | уреди извор]Тоа е всушност голем кастел, во кој во неговото јужно подножје се оформила урбана населба. Овој кастел имал обѕидие со кули и порти и една базилика во центарот. Административно градот припаѓал на Македонија I. За локацијата на овој град се пронајдени натписи кои зборувале за Антанија. Вториот натпис, најден во Стоби, помогнал да се лоцира територијата која во раното царско време била врзана за Линк. Според истражувањата на еминентниот македонски археолог Виктор Лилчиќ остатоците и рушевините од античкиот и средновековен македонски град Антанија, кој бил и седиште на епископија, со големи градби на 2 базилики и повеќе други градби, се наоѓаат и се наоѓаат во месноста Градот на рид веднаш над левиот брег на Црна Река во Мариово, a низ него минувал Еригонскиот Пат по кој минал Александар Македонски на враќање од походот против Трибалите.
На висок рид со зарамнето плато наречен Градок има остатоци од бедем широк околу 2 метри, граден од поголеми и помали приделкани камења. На југоисточниот крај на ридот се гледаат остатоци од трикорабна базилика, со димензии од 15 на 8 метри, ѕидана од приделкан камен, тули и варов малтер, од која апсидата и делови од бочните ѕидови се делумно зачувани. На десетина метри југозападно од неа се гледаат остатоци од мала црквичка, градена од истиот материјал и во истата техника. По целата површина на тврдината има остатоци од градби, фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди.[3]
Во јужниот и северниот кораб и во северната припрата од базиликата се најдени шест средновековни гробни конструкции.
Доцноантичките објекти припаѓаат на мала населба од IV-VI век, од која во средниот век се обновени дел од фортификацијата и сакралните, стопанските и станбените објекти. Наодите на монета од Јован I Цимискиј, неколкуте ситни примероци на бронзен накит од X–XII век, бројното присуство на фрагменти од средновековни керамички садови и предмети од ковано железо на целиот простор од возвишенијата на брдото го потврдуваат постоењето на тврдината и на дел од објектите низ средниот век.[4]
Антанија и денес останува титуларна епископија, под тековно водство на Партениј Антаниски, игумен на Бигорскиот манастир.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Остатоци од градбата на епископската базилика во Антанија, во Мариово
- Остатоци од градби во Антанија
- Остатоци од градби во Антанија
- Остатоци од градби во Антанија
- Остатоци од градби во Антанија
- Остатоци од градби во Антанија
- Остатоци од градби во Антанија
- Остатоци од градби во Антанија
- Остатоци од градби во Антанија
- Остатоци од градби во Антанија
- Остатоци од градби во Антанија
- Остатоци од градби во Антанија
- Остатоци од градби во Антанија
- Остатоци од градби во Антанија
- Остатоци од градби во Антанија
- Воздушен поглед
- Воздушен поглед
- Воздушен страничен поглед на руините
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје 1999, 13.
- ↑ F. Papazoglu, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957, 198 - 199
- 1 2 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 303. ISBN 9989-649-28-6.
- 1 2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Градок“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 390. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Антанија на Ризницата ?- Нови откритија за локалитетот градок во Мариово – наслебата постои од раната антика, Сител
Антички градови во Македонија |
|
|---|---|
Антанија • Астибо • Аударист • Бадеријана • Баргала • Билазора • Лихнид • Пелагон • Скупи • Стибера • Стоби • Тауресиум • Транупара • Хераклеја Линкестис • Хераклеја Синтика |
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од раноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на утврдена населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на тврдина
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на базилика
- Манастир (село)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Прилеп
- Археолошки наоѓалишта во Прилепско
- Доцноантички градови во Македонија
- Древни градови во Македонија
