Клепа (планински врв)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Клепа
Клепа 02.jpg
Поглед на врвот Клепа со препознатливата карпа
Висина 1.150 метри
Местоположба Македонија Македонија
ВенецКлепа
Прво освојувањенепознато

Клепапланински врв и воедно највисок врв на истоимената планина Клепа, во средишниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 1150 метри. Се наоѓа токму на средишниот дел на главното планинско било и срт на протегање на планината Клепа, издигнувајќи се и доминирајќи со својата глетка во Повардарието. На самиот врв има голема карпа која го прави препознатлив од далеку изгледајќи на заб кој стрчи над самата планина. До врвот може да се пристапи од селата Подлес, Крајници или Скачинци, каде во минатото постоел и планинарски дом. Обележана патека за искачување на врвот Клепа во должина од 6 километри, постои од браната на вештачкото Подлешко Езеро. Врвот има стратешка поставеност со глетка кон целото средно Повардарие, со Стоби и Криволак како и сообраќајните врски по долините на Вардар и Црна, поради што тој имал воена важност уште од минатото, а под самата карпа на врвот Клепа постојат и напуштени воени бункери. За врвот Клепа, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија запишал дека во источниот крај на висорамнината над с. Чичево и над 2 часа југозападно од Градско од сите други гребени и ридови се издигнува врвот Клепа, по кој што и целата таа област меѓу Бабуна и Река (Раечка Река) се нарекува Клепа[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. стр. 61. ISBN 978-608-245-113-8.