Билино
Изглед
Билино | |
планина | |
Поглед на главниот дел на билото на Билино
| |
Регион | Балкан |
---|---|
Се граничи со | Македонија/ Србија |
Највисока точка | Чупино Брдо; Стража |
- височина | 1.703;1.547 м |
Билино или Билина — средновисока планина што се протега во крајниот североисточен дел на Македонија на границата со Србија. Точните граници на планината тешко можат да се одредат поради големата десецираност на релјефот. На север се надоврзува Чупино Брдо, кое морфолошки не се разликува многу, па може да се смета за дел од Билино, додека на југ преминот од планината Герман е сосема незабележителен.[1] Главното било се протега во правец север–југ во должина од 15 км, со отклонување кон исток. Највисок врв во јужниот дел е Стража (1.547 м), додека во северниот е Чупино Брдо (1.703 м). Пониските делови се под шума – даб и бука, а повисоките се под пасишта.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на Билино од селото Герман
-
Поглед на Билино
-
Поглед на Билино
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Cvijić, Jovan (1906). Osnove za geografiju i geologiju Makedonije i stare Srbije: S promatranjima u juznoj Bulgarsoj, Trakiji, susednim delovima Male Azije, Tesaliji, Epiru i severnoj Arbaniji (српскохрватски). Državna štamparija Kraljevine Srbija.
- ↑ Zemjodelsko-šumarski fakultet (1970). Godišen zbornik: Annuaire. Sylviculture. Šumarstvo. Univerzitet vo Skopje.