Лиска (планински врв)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лиска
Врв Лиска на Илинска Планина 01.JPG
Висина 1.908 м
Местоположба Македонија Македонија
ВенецИлинска Планина
Прво освојувањенепознато

Лиска е највисокиот планински врв на Илинска Планина во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 1.908 метри. Од него се пружа глетка на цела Западна Македонија, односно двете најголеми македонски природни езера Охридско на југозапад, Преспанско на југ, врвот Пелистер на југоисток, целата област Железник (Демир Хисар) на исток, градот Кичево на север, планините Бистра Стогово, Крчин, Дешат и Кораб на северозапад и целата област и котлина Дебарца со планините Караорман и Јабланица на запад. За името на врвот Лиска на билото на Илинска Планина, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија запишал дека Лиска - билото на планината од Беличката Планина на исток е наречено така поради тоа што по него има многу лиска (лискун), т.е. камен шкрилец - плоченец[1]. Ова се потврдува и од кажувањата на мештаните на селото Големо Илино чии покриви на куќите се покриени со плочи од лискун ископан и ваден од карпите на врвот Лиска.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. стр. 82. ISBN 978-608-245-113-8.