Голјак
Изглед
Голјак | |
---|---|
Поглед кон планината над селото Јудово | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.535 м |
Матичен врв | Вели Врв |
Координати | 41°27′11″N 20°51′12″E / 41.45306° СГШ; 20.85333° ИГД |
Географија | |
Место | Македонија |
Покраина | Западна Македонија |
Голјак — средновисока планина во Западна Македонија, којашто претставува најсеверна огранка на масивот Бигла. Планината има меридијански правец на протегање и на север е ограничена од течението на реката Треска, на запад со Бржданска Река, додека на југ постепено преминува во повисоката Илинска Планина. Највисока точка е Вели Врв со надморска височина од 1.535 м.