Бигла (планина)
- За други значења на поимот Бигла, видете на појаснителната страница
Бигла | |
планина | |
Регион | Балкан |
---|---|
Се граничи со | ![]() |
Највисока точка | Црн Врв |
- височина | 1.935 м |
Бигла — средновисока планина што претставува природно продолжение на Илинска и Плакенска Планина. Има динарски правец на протегање сз–ји во должина од 16 км.[1] На запад е ограничена со Ресенско Поле и долината на Голема Река, на исток со долините на Шемница и Боишка Река, а на југ со превалот Ѓавато (1.167 м) е одвоена од планината Пелистер. Во овие граници зафаќа површина од 179 км2. Има седум врвови повисоки од 1.500 м, а највисок е Црн Врв (1.935 м), кој се наоѓа во крајниот северозападен дел. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски шкрилци, гранитоиди и тријаски конгломерати. Геолошкиот состав, климатските одлики и големата пошуменост условиле појава на кратки водотеци.[2]