Кабаш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кабаш
Кабаш 01.jpg
Висина 2.391 м
Местоположба Македонија Македонија Македонија
ВенецКораб
Прво освојувањенепознато

Кабашврв во средишниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата височина изнесува 2.391 метар[1].

Местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во средишниот дел на планината на планинската огранка која се испушта долго на нејзината источна падина, припаѓајќи целосно и длабоко на македонска територија. Врвот Кабаш го претставува претпоследниот, четврти по ред планински врв од планинската огранка која започнува и се испушта кон исток од врвот Боази на главниот срт Според местоположбата на врвот Кабаш се наоѓа на координатите 41°45'21" северна географска широчина и 20°34'11" источна географска должина[1], северозападно од селото Рибница[2]. Поточно, врвот Кабаш е сместен непосредно на југ над долината на Длабока Река, од каде тој има особено забележителен поглед кој со острата зашиленост преовладува со својата препознатливост со која доминира во просторот. Се одликува со многу голема стрмнина и зашиленост, а неговите стрмни јужни и северни падини се прошарани со многу стрмни тревнати кулоари и карпи кои достигнуваат до самиот врв, додека кон исток е поврзан со врвот Рибничка Скала, а на запад со врвот Црвен Камен (Гури Куј). Убавата „алпска“ глетка и големата стрмнина на неговите падини кои го прават доста тежок за искачување и во летни, а особено во зимски услови, му даваат особена привлченост на Кабаш, кој заедно со врвот Рибничка Скала се два најатрактивни и меѓу планинарите и алпинистите многу често посетувани и особено прочуени планински врвови на Кораб и во Македонија. На највисоката точка на самиот врв е поставен крст од железо, од каде се пружа прекрасна глетка на трите највисоки корапски врвови Голем и Мал Кораб и Малокорапска Стена, како и целата источна падина на корапскиот масив. До врвот Кабаш може да се пристапи и со голема внимателност (и тешкотија) да се искачи по многу стрмната северна падина со тревнат кулоар помеѓу карпестите блокови, скршнувајќи лево од „видиковецот“ во месноста Скалила на доброобележана планинарска патека која води кон познатиот Корапски водопад, минувајќи по источната и северната страна на подножјето под врвот Рибничка Скала од превојот Пралуга и навлегувањето во долината на Длабока Река.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. конс. 7.11.2017. 
  2. Петрушевски, Илија (2012). Попис на врвовите во Република Македонија. Тетово: Хартија Комерц. стр. 13.