Голема Грива

Од Википедија — слободната енциклопедија
Голема Грива

Поглед кон врвот Голема Грива од долот на Сапунчица
Висина &100000000000022150000002.215 м
Место Македонија Македонија
ВенецБаба (планина)
Прво освојувањенепознато
Најлесна патекаЛавци - пл. дом „Неолица“ - врв Скрково - врв Муса или Нижеполе - пл. дом Големо Езеро - Француски Пат - Орлови Бари

Голема Грива — планински врв на планината Баба, во рамки на националниот парк Пелистер во југозападниот-западниот дел на Република Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.215 метри. Се наоѓа главниот срт на протегање во средишниот дел на планината Баба, непосредно северно од врвот Муса, заградувајќи ја стрмната долина на реката Сапунчица. Поточно Голема Грива се наоѓа на главниот срт на протегање на планината Баба во националниот парк Пелистер, високо над долината на Сапунџица на исток и котлината Преспа на запад помеѓу високите врвови Ветерница и Муза, под кој непосредно минува широкиот пат изграден во Првата светска војна, кој на север води до највисокиот врв Пелистер.Врвот има остар и шилест облик на највисокиот дел, издигнувајќи се многу стрмни и од долината на Сапунчица (Нижеполе) и од Преспа, при што има доста висок и грамаден изглед. Веднаш под него на неговата западна падина кон Преспа минува трасата на т.н. „Француски пат“ изграден во Првата светска војна. Од самиот врв се отвора прекрасна глетка кон Преспанското Езеро и целиот срт на протегање на планината Баба со соседните врвови Муса на југ, Пелистер кон север, шумовитите предели на источните падини на Баба и Кајмакчалан во далечината. Веднаш во непосреден западен правец на сртот под врвот Голема Грива се наоѓаат двете природни повремени Орлови Бари, а кон северозапад се и познатите постојани придони леднички езера Пелистерски Очи при што Големото Пелистерско Езеро е на 2,5 км оддалеченост. Врвот Голема Грива е во права линија на јужен правец наспроти понискиот врв  Мала Грива (1914 м.) кој се наоѓа на спротивната лева страна на долот на Сапунчица. До врвот се стигнува по доброобележана патека која започнува во непосредната близина на Битола од селото Лавци најпрвин движејќи се низ шума од каде излегува на врвот Орлово Седло (1863 м.) од каде се по голиот и тревнат планински срт на Неолица минува по врвовите Црна Стена (1909 м.), Скрково (2146 м.) и достигнува до врвот Муса (2350 м.) на главниот срт на пелистерската планинска верига, од каде скршнува непосредно на запад до Голема Грива од каде на околу десетина минути се наоѓаат Орлови Бари и крстосницата на планинарските патеки за Големо Езеро со планинарскиот дом и натаму за Нижеполе во Битолско и патеката која води до Брајчино во Преспа. Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во орографските описи на Пелистер запишал дека тој е споен со помалиот врв само од западната страна преку еден тесен гребен кој се нарекува Грива, при што двата врвови и Гривата се голи, карпести и покриени со трева и тие го достигнуваат појасот на алпската флора[1]. По нивните карпи се искачуваат диви кози, коишто се рапрснуват по нив во цели стада[1]. На Гривата има две мали езера[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 85. ISBN 978-608-245-113-8.