Прејди на содржината

Китка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Китка
Поглед на Китка од месноста Три Круши кај Драчево
Највисока точка
Надм. вис.1588 м
Матичен врвКитка
Географија
Китка на карта

Карта

МестоМакедонија Македонија
ПокраинаMK
Матичен венецМокра Планина

Киткапланина во Македонија, која се наоѓа југоисточно од градот Скопје. Таа е дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина и претставува негова североисточна гранка. На запад се поврзува со планината Караџица, а на југ со Голешница. Највисок е истоимениот врв Китка со надморска височина од 1.588 метри, а на билото се истакнува и врвот Краста (1.445 м) и препознатливи карпести облици. Билото на планината Китка претставува вододелница на долините на Маркова и Кадина Река. Изобилува со богат шумски фонд, претежно од листопадни дрвја (бука, даб, јасика) како и нискостеблести и грмушести зимзелени растенија, поради што е многу раширена дивата сеча на дрва која немилосрдно ја пустоши шумата. На планината се обележани повеќе планинарски патеки кои се дел од трансферзалата „Македон“ која оди кон Солунска Глава, а постојат и возобновениот планинарски дом „Китка“ како и туристичката викенд населба „Мала Река“. На нејзината северозападна падина е расположена областа Торбешија.

Галерија

[уреди | уреди извор]