Бегови Вирови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бегови Вирови

Карта

Длабочина 0.25 м
Надморска висина 1.766 м
Планина Јакупица (Мокра)


Бегови Вирови — неколку вирови кои се природно завирени од издашен извор на вода, високо на планината Јакупица под врвот Кале поради што многу често во некои пишани изданија, карти и меѓу луѓето самиот тој врв, а некаде и целиот предел на планинската огранка се именува и е познат како Бегови Вирови. Сместени се на надморска височина од 1766 метри, на тревнатото планинско било на јужната падина на планинската огранка на Јакупица која со Јакупичкиот Преслап се одделува југоисточно од врвот Солунска Глава, на планинското седло помеѓу врвовите Кале (2112 м.) непосредно на североисток и Голем Јаор (1816 м.) на југозапад, високо над велешките села Бистрица и Црешнево. Бегови Вирови претставуваат природно завирена бразда со вода која, подводно извира од првиот вир (на северозапад) од кој со бавен проток, истек и дотек на водата кон југоисток се исполнуваат уште 8 други вирови и локви непосредно поврзани и споени во истата линија на браздата. Се одликуваат со многу бистра, чиста и студена вода. Нивната длабочина се движи меѓу 20, 25 и 30 сантиметри, а најголемите вирови во средината достигнуваат пречник со широчина и до 1 и 1,1 метар, додека просечната се движи до половина метар односно 50-60 см. Коритото на некои од низводно погорните вирови е песокливо и каменесто со ситни камчиња, а на останатите вирови подолу е со земјано дно од црница, поради што во содејство поради слабиот проток водата е проѕирна и многу бистра. Поради големата штедрост на изворот со вода Бегови Вирови имаат постојан и речиси непроменлив водостој преку текот на целата година. Непосредната околина на Бегови Вирови има изобилство на повеќе силни и издашни извори на вода од кои се создава изворишното подрачје од кое протекува реката Камештица која се влева во Бабуна кај Нежилово. Водата од Бегови Вирови се користи за напојување на добиток заради што во близината постои и бачило на сточарите од Бистрица, а дел од водата е спроведена и за пиење во селата Црешнево и Нежилово. На процепите на бројните карпи во непосредната околина на Бегови Вирови е застапен реткиот растителен вид Campanula wanneri[1]. До Бегови Вирови може да се пристапи единствено со пешачење во времетраење од 3 до 3,5 часа по тешко проодни, многу стрмни и необележани патеки од Бистрица, Црешнево и од Нежилово преку пределот Корда до кој води колски земјен пат.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Niketic Marjan, Melovski Ljupco, Matevski Vlado, Tomovic Gordana (2017). „TWO NEW SPECIES FOR THE FLORA OF REPUBLIC OF MACEDONIA“. Bulletin of the Natural History Museum. Посетено на 22 јуни 2019.