Големо Салаковско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Големо Салаковско Езеро

Карта

Должина 46,4 м
Ширина 38,5 м
Длабочина 1,30 м
Надморска висина 2.170 м
Планина Јакупица


Големото Салаковско Езеро претставува ледничко езеро на планината Јакупица во Македонија. Езерото е широко 38,5 метри, а долго 46,4 метри, со најголема длабочина од 1 ,30 метри.[1] Има елипсоидна форма со најголема издолженост во правец југоисток-северозапад од 48 метри, додека неговата широчина во правец север-југ изнесува 38 метри. Големото езеро за разлика од Малото има помала длабочина, а истата изнесува 1,3 метри. Со вода се снабдува од притока која доаѓа од Малото Салаковско езеро, од врнежи како и од топење н снегот. Водата ја губи со испарување и од истека, од која истекува Салаковска Река (лева притока на Кадина Река). Според најдеталните истражувања, Големото Салаковско Езеро се наоѓа на надморска височина од 2150 метри и зафаќа површина од 1340 м2 при што има обем од 162,5 метри[2]. Најголемата длабочина на Големото Салаковско Езеро изнесува 2,35 метри, додека годишното колебање на нивото на водостојот изнесува 0,60 метри[2], што значи дека тоа има речиси постојано ниво без поголемо повлекување на водата во текот на целата година. Должинските параметери на Големото Салаковско Езеро изнесуваат во правците: југ-север 38 м, запад-исток 45 м, југоисток-северозапад 40 м, југозапад-североисток 48 м[2]. Езерото има провидност низ целиот профил[2], односно тоа има исклучително бистра вода. Температурата на водата измерена во 11 часот на 12.09.1979 изнесувала 12 °С[2]. Фактот што Големото Салаковско Езеро има потопла температура на водата се должи на тоа што тоа е поплитко од Малото Салаковско Езеро. Езерото вода добива од врнежи, преку топење на снегот и од притока која доаѓа од Малото Салаковско Езеро, а има должина од 12 метри, а водата ја губи преку испарување и истека која се наоѓа на североисточниот дел од езерото[2]. Тоа е всушност изворот на Салаковска Река, лева притока на Кадина Река[2].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Stefanka Hadži Pecova, Mihailo Zikov, Pene Penev, Dušan Manakoviḱ, Rade Drenkovski, Ilija Drozdovski, Vera Korobar, Biserka Filipova, Stefan Bužarovski, Malinka Ristevska Jordanova (1999). Planinskiot masiv Jakupica: istražuvanje i vrednuvanje na prirodnoto bogatstvo. Studentski zbor.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Стојмилов, Александар (1998). „Леднички езера на Јакупица (Мокра Планина)“. Географски разгледи. 32-33: 14.

Поврзано[уреди | уреди извор]