Остри Врв

Од Википедија — слободната енциклопедија
Остри Врв

Поглед на Остри Врв од исток
Висина &100000000000022630000002,263 м
Место Македонија Македонија
ВенецКараџица (Мокра)
Прво освојувањенепознато
Најлесна патекаобележана патека од с.Патишка Река

Остри Врвпланински врв на планината Караџица, на планинскиот масив Мокра во средишниот дел на Република Македонија, со следниве географски координати: 41o 45' 46'' северна географска широчина, 21o 20' 27'' источна географска должина. Неговата надморска височина изнесува 2.263 метри. Се наоѓа на средишниот дел на билото на планината Караџица, непосредно јужно над долината и селото Патишка Река, од каде води обележана планинарска патека за искачување. Врвот претставува многу висок и стрмен карпест отсек на гребен со ситен издробен камењар (сипар) над самата долина на север, додека кон југ неговата падина е тревната и се спушта на главното планинско било на Караџица. Со својот зашилен остар изглед Остри Врв преовладува и доминира прикажувајќи величествена („алпска“) глетка уште од далеку при самиот влез во длабоката долина на Патишка Река. Извонредно големата стрмнина и зашилениот остар изглед се најверојатно причината за неговото именување како Остри Врв. Непосредно на исток од него, на спротивната падина на долот се издигнува врвот Убава со двета Салаковски Езера од каде исто така може да се пристапи до Остри Врв.

Галерија[уреди | уреди извор]