Иванов Камен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иванов Камен

Поглед на врвот Иванов Камен од север
Висина &100000000000021080000002.108 м
Место Македонија Македонија
ВенецКараџица (Мокра)
Прво освојувањенепознато
Најлесна патеканеобележани потеки од Белица и Солунско Поле

Иванов Камен — врв на планината Караџица на планинскиот масив Мокра во централниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.108 метри. Се наоѓа на западната падина на планината Караџица, на самиот нејзин јужен крај. Врвот Иванов Камен издигнува високо и стрмно над Порече над раздробениот дол на Белица на запад, близу до вториот највисок врв е Попово Брдо (2380 м.) на исток, на север од него е највисокиот истоимен врв Караџица (2472 м.), додека на југ и југоисток се месноста Попов Гроб и карстното Солунско Поле. Иванов Камен се наоѓа на западната страна на планинското било и е одвоен односно поврзан со главниот срт на протегање кон исток. Од самиот врв се отвора прекрасна глетка кон цело Порече на запад и долот на Белица исполнет со борова зимзелена шума, стрмни карпи, Боро Поле кон север и протегањето на Мокра и Даутица со врвовите Перчулица и Бел Камен кон југ. До врвот нема обележани планинарски патеки, но има разгазена патека од добиток (овци и диви кози) која оди од Солунско Поле.

Галерија[уреди | уреди извор]