Убава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Убава
Убава (Караџица).jpg
Поглед на врвот и гребенот Убава на Караџица
Висина 2.346 м
Местоположба Македонија Македонија
ВенецКараџица (Мокра)
Прво освојувањенепознато
Најлесна патекаобележани патеки од Бегово Поле и Враца за Салаковски Езера и од с.Патишка Река

Убава (некаде се сретнува и како Убово[1]) — планински врв на планината Караџица на масивот Мокра во средишниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.346 метри. Всушност, со името Убава, кое во денешно време најмногу се користи за највисокиот врв, се именува поголем предел на планината Караџица кој ја опфаќа висорамнината помеѓу врвовите Остри Врв, Пепелјак и Каменити Брег веднаш на сртот над двете Салаковски Езера, малата долина која од овој предел се спушта кон изворите на Кадина Река во месноста Јуручка Карпа и камениот (карпест) гребен кој ги ограничува оваа висорамнина и дол на запад и чија што надморска височина се движи по котите 2346, 2301, 2288, 2295, 2261 и завршува повторно со 2346 метри на југ. Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров, запишал дека Црн Врв е соединет со основите на Јакупица преку гребенот Темна Бука, над којшто се издигнува пирамидалниот врв Убово ( Убава н.з.), кој по височината и местоположбата го зазема средното место помеѓу врвовите Јакупица и Црн Врв, а некогаш на тој врв била убиена некоја убава мома, по што и врвот се нарекува така[1]. За патникот од Скопје за Каршијак, четирите врвови: Ибраимица, Црн Врв, Убава и Јакупица стојат на изглед како истегната линија и по височината претставуваат еден столб со четири стапки коишто постепено се издигнуваат една зад друга, при што тоа место и оној дел од Салакова Планина, којашто се издигнува зад него, го нарекуваат Мокра[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. стр. 55. ISBN 978-608-245-113-8.