Боро Поле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Надолен поглед на Боро Поле од север.
Боро Поле is located in Македонија
Боро Поле
Местоположба на Боро Поле во Македонија

Боро Поле (познато и како: Борово Поле) — карстно поле и висорамнина на планината Караџица на масивот Мокра, кое припаѓа во рамки на подрачјето на природниот резерват „Јасен“.

Местоположба и природни одлики[уреди | уреди извор]

Има издолжен облик и се протега во меридијански правец север - југ со отклонување кон југоисток. На север е оградено со гребенот на врвот Миленков Камен (2.217 м) и Велешка Рупа односно врвот Крајни Камен (2.093 м), на исток е оградено со гребенот на највисокиот врв Караџица (2.472 м), на југ е заградено од гребенот Завој и врвот Иванов Камен (2.108 м) додека кон запад е отворено како висока тераса над длабокиот дол на реката Оча во Поречието на чиј западен крај е месноста Сугаре Пештера од која започнуваат стрмни долови и ограноци. Надморската височина на Боро Поле се протега меѓу 1.642 и 1.750 метри, со просек околу 1.678 метри. Долг е 4, а широк — 1,5 киломери. Боро Поле е многу тешко пристапно и до него постои само колски пат од строго заштитеното подрачје на „Јасен“.

Растителност и животински свет[уреди | уреди извор]

Полето е интересна карстна појава, на која се развива својствен вид на растителност со посебни одлики. Се наоѓа високо на крајната западна страна на планинското било на Караџица, како зарамнета површина над нејзината стрмна западна падина во Порече. Според името на ова рамниште може да се претпостави дека во поблиското минато тоа претставувало главно станиште на иглолисен тип на шума[1], а и денес на него најзастапен е борот кој е распространет по целото поле во поединечни и помали групи на борови дрвја. Покрај боровите, од дрвната растителност застапени се и смреките од зимзелените и во многу редок обем даб-прнар и нискостеблести листопадни грмушки. Од растителниот свет треба да се наведе дека на Боро Поле се наоѓа единственото наоѓалиште на Балканот на кривиот лук (Allium zebdanense).[1]

Од животинскиот свет на Боро Поле живее доста дивеч при што се застапени дивите кози, зајците, лисиците, волците поради што тоа е посетувано и од ловци.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Дренковски, Раде (1999). Растителниот свет и шумите на планинскиот масив Јакупица - вредности и значење. Скопје: НИП „Студентски збор“. стр. 152. ISBN 9989-45-104-4. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°43′49″ СГШ; 21°18′52″ ИГД / 41.7303° СГШ; 21.3145° ИГД / 41.7303; 21.3145 (Боро Поле)