Коритски Камен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Коритски Камен (Тисовички Врв)
Коритски Камен-Тисовички Врв.jpg
Поглед на Корички Камен од падината на Османбежица
Висина 1.441 м
Местоположба Македонија Македонија
ВенецГолешница (Мокра)
Прво освојувањенепознато

Коритски Камен (познат и како Корички Камен или Тисовички Врв) — врв и гребен на планината Голешница на планинскиот масив Мокра во централниот дел на Македонија. Се наоѓа на северната страна на падината на Голешница на пределот кој ги поврзува гребените Османбежица на југ и Дрмос кон Китка на север. По целите падини до самиот врв каде што се наоѓа голем камен-карпа во вид на корито (поради што можеби и го добил името) е обраснат со густа букова шума. Неговата положба е среднишна помеѓу Мумџица на запад, врвот Сипичан на југозапад, Османбежица на југ, Лисец на југоисток, Студена Вода на исток и Дрмос на север. Поради близината на селото Тисовица пределот околу него е познат и под името Тисовички Врв.