Бегово Поле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поглед кон Бегово Поле од Солунска Глава

Бегово Полекарстно поле на планинскиот масив Јакупица на северната страна од врвот Солунска Глава.

Полете се наоѓа на надморска висина од околу 2000 метри. Долго е околу 1,5 км, a широко околу 500 до 1000 м, со благ пад накај запад. Низ него тече мало поточе кое формира неколку езерца и локви, па потоа понира во најниската точка. На крајот на полето видлива е длабока јама која е полна со снег. Се верува дека водата која понира на Бегово поле, извира од другата страна на Солунска Глава, во изворите на Бабуна.

Од 2000 г. се вршени повеќе спелеолошки истражувања во карстниот регион околу Солиунска Глава. Се верува дека под врвот има огромни резервоари за вода, што се поистоветува со старото локално име за масивот „Мокра Планина“.[1][2]

На Бегово поле летно време функционираат неколку бачила, и се користи како високо пасиште за овци и коњи. Од 2007 година, планинарското друштво КПС „Македон“ организира традиционална забава на Бегово Поле во претпоследниот викенд во јуни.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Спелео нуркачи од Белгија и Македонија истражуваа кај Бабуна“. Форум. конс. 14 септември 2010. 
  2. „Јакупица има вода за третина Македонија“. Dnevnik. конс. 14 септември 2010.