Караџица (врв)
Караџица | |
---|---|
![]() Поглед на врвот Караџица од север | |
Висина | 2,472 м |
Место | ![]() |
Венец | Караџица (Мокра) |
Прво освојување | непознато |
Најлесна патека | делумно обележана патека од с.Патишка Река |
Караџица — планински врв на истоимената планина Караџица, на планинскиот масив Мокра во средишниот дел на Република Македонија, со следниве географски координати: 41o 44' 23'' северна географска широчина, 21o 19' 52'' источна географска должина. Неговата надморска височина изнесува 2.472 метри, со што тој претставува највисок врв на планината Караџица и втор највисок врв на целиот планински масив Мокра. Се наоѓа на средишниот дел на билото и сртот на планината Караџица.
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Поглед на врвот Караџица
![]() | Оваа статија планински врв во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |