Шупла Стена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шупла Стена
Шупла Стена (Кораб) 01.jpg
Поглед на врвот Дерза
Висина &100000000000024310000002.431 м
Место Македонија Македонија Македонија Албанија
ВенецКораб
Прво освојувањенепознато

Шупла Стенаврв во средишниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата височина изнесува 2.431 метар.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Шуплината-кружниот процеп во карпите под сртот, според кој врвот го добил името Шупла Стена

Се наоѓа во средишниот дел на планината Кораб на главниот срт, во непосредна близина односно на самата гранична линија меѓу Македонија и Албанија. Според местоположбата на врвот Шупла Стена се наоѓа на координатите 41°43'29" северна географска широчина и 20°31'06" источна географска должина[1]. Сместен е на главниот срт на протегање на планината Кораб, помеѓу врвовите Црн Камен (2404 м.) и Дерза (2403 м.) веднаш непосредно на север и превојот Шкртец (2020 м.) и малото зарамнето поле Фуша е Лимует на југ. Во неговата најнепосредна близина, на истиот планински гребен определен со превоите Шкртец и Цигански Проход, со Шупла Стена се и зашилените остри врвови Црн Камен и Дерза, поради што погледнати од повеќе места од далечина тие три врвови даваат особено убава налик „алпска“ глетка. Шупла Стена се одликува со многу величествена глетка, каде источната падина е многу грамадна и огромна, прошарана со бујна трева и сипар од ситни раздробени камења, додека западната е стрмна пресечена карпа при што сртот на самиот врв е многу тесен, карпест и раздробен односно испресечен со провалии од двете страни. Веднаш под сртот непосредно под врвот, помеѓу две карпести плочи кои го сочинуваат сртот, има поголема кружна дупка, процеп која делува и му дава изглед на врвот и самата стена како да е шуплива, што впрочем и самите карпи на врвот се шупливи, поради што најверојатно врвот го добил името Шупла Стена. На постарите топографски карти врвот е запишуван и како Шуплја/Шупља Стена, најверојатно под влијание на југословенското картографирање на српскохрватски, додека во некои пишани извори врвот е познат и како Шуплив Камен[1]. Искачувањето на врвот Шупла Стена е многу тешко бидејќи неговите падини се многу стрмни, при што југоисточната е повеќе тревната, а северната и западната се каменести и земјени каде има опасност од лизгање. Самата највисока точка на врвот е многу тесна, при што на нејзе има место сда застанат највеќе 3 до 4 луѓе. Врвот Шупла Стена може да се искачи по доброразгазената граничарска патека која води и го заобиколува по неговата јужна, источна и северна падина, а најдобрата можност за искачување е по тревнатата југоисточна падина низ малото зарамнето поле Фуша е Лимует, веднаш на неговото југоисточно подножје.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 8.13.2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)