Изгревно Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Изгревно (Корапско) Езеро
Изгревно Езеро на Кораб.jpg
Координати:
Површина: м2
Должина: м
Ширина: м

Обем:

м
Длабочина: 1,5 м м
Надморска висина: 2.318 м
Планина: Кораб

Изгревно Езеро — природно ледничко езеро на планината Кораб, во Македонија.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Оцртување на сонцето на езерската површина при изгрејсонце

Поточно, тоа се наоѓа на источната македонска страна непосредно до главниот планински срт на протегање, сместено во цирк помеѓу врвот Боази на север и високопланинскиот превој Цигански Премин на југ, веднаш западно и непосредно над големиот цирк Ујт Калар, на јужното подножје под врвот Боази на надморска височина од 2318 метри[1]. Езерото се наоѓа на координатите 41°44'54.4″ северна географска широчина и 20°31'15.7″ источна географска должина, на пределот помеѓу врвот Боази на север ивисокопланинскиот превој (седло) Цигански Премин на југ, на источната страна веднаш до самиот срт на територијата на Македонија[1].

Одлики[уреди | уреди извор]

Поглед на Изгревно Езеро со врвови во позадината

Обликот на езерото е издолжен, овален и заоблен со послабо наликување на крушовиден или јајцевиден изглед, со најголема должина на протегање во правец северозапад-југоисток и најголема широчина на протегање во правец југозапад-североисток, при што западниот езерски брег е речиси права линија, додека источниот брег е прилично заоблен, како и северниот и јужниот брег кои се со помала заобленост[2]. Езерото има постојан водостој и неговата длабочина изнесува околу 1,5 метри[3]. Водостојот е постојан и непроменлив преку целото лето и во најтоплите денови, а во зима тоа замрзнува и е затрупано со снег[1]. Дното на езерото е земјено (тињесто) и делумно каменесто, поради што езерската вода се одликува со голема бистрина, а поради тревнатите брегови и околина, погледнато од подалеку езерската површина има темно зелена (смарагдна) боја[2]. Езерото нема истека, а со вода се храни од врнежите и топење на снежниците, кои поради затвореноста и засенченоста на циркот во кој се наоѓа, од три страни југ,запад и север, снегот останува подолго заради што се топи подоцна и подолго време, хранејќи го со вода и давајќи му помалку променлив постојан водостој со помала колебливост[1]. Според своите одлики, најверојатно потеклото на ова езеро е циркно, односно ерозивно-циркно или циркно-моренско, при што тоа е настанато во преиздлабениот дел на циркот каде што започнале да се движат планинските мразници[1].

Именување и изглед[уреди | уреди извор]

Надворешни видеоснимки
Изгревно Езеро на Кораб
Аматерската и панорамска снимка „Изгревно Езеро на Кораб“ од 2019 година од серијалот „Уживај во Македонија

Се одликува со особена убавина и кое поради својата источна поставеност од сртот особено блеснува со оцртување на сонцето во езерските води при изгрејсонце, поради што може да се нарече Изгревно Езеро[1]. Поради својата местоположба близу до превојот Цигански Проход, езерото многу поретко би можело да биде познато и како Циганско Езеро. Езерото се одликува со исклучително многу убава глетка како и целиот крајолик во непосредната околина и пространство исполнето со величествени остри врвови на Кораб (но и глетка на гребенот на Бистра во далечината), кои го опкружуваат Изгревно Езеро од север, запад и југ, при што циркот во кој се наоѓа има отвореност само кон исток и југо исток, давајќи му изглед на езерото и непосредната околина како на бисер во школка[1]. Иако е тоа постојано природно езеро, поради многу тешката пристапност на пределот и големата одалеченост, тоа не е обележано на ниту една од географските и топографски карти и е речиси целосно непознато и непроучено од науката, а исто така е и многу ретко посетувано од посетители - овчари и планинари.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Шаревски, Марио (2020). „Општ географски преглед на планината Кораб и нејзините (не)истражени врвови, езера и предели“. Записи за Кораб: 33–35. ISBN 978-608-66336-1-5.
  2. 2,0 2,1 Sharevski, Mario (2019). „GENERAL GEOGRAPHICAL OVERVIEW OF THE KORAB MOUNTAIN AND ITS (UN)EX-PLORED PEAKS, LAKES AND LANDSCAPES“ (PDF). Географски разгледи / Geographical Reviews. 52: 91–106. doi:https://doi.org/10.37658/GR19520091sh Проверете ја вредноста |doi= (help).
  3. Посетено и нуркано во езерото од Марио Шаревски на 27.07.2019 и 03.07.2020