Малокорапско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мало Корапско Езеро
Мал Кораб 01.jpg
Координати:
Површина: 1374 м2
Должина: м
Ширина: м

Обем:

м
Длабочина: 35 см м
Надморска висина: 2.310 м
Планина: Кораб

Мало Корабското Езеро (познато и како Езеро Мал Кораб) е природно ледничко езеро на планината Кораб, под самиот врв Мал Кораб, во Македонија. Езерото  Мал Кораб или Малокорапското Езеро се  наоѓа  под  врвот  Мал  Кораб,  во  изворишниот  дел  на  Длабока  Река,  на надморска  височина  од  2,310  метри[1].  Површината  на  езерото  изнесува  1,374 м2 ,  а  неговата максимална длабочина околу 35 cм[1]. Поточно, тоа се наоѓа непосредно на пространото зарамнето источното подножје под врвовите Мал Кораб и Малкорапска Стена, однсно сместено е во пределот помеѓу месностите Езеро и Бруштла, на североисток од врвот Мал Кораб, непосредно на југозапад од високопланинскиот превој Мала Корапска Врата и високо на запад над долината на Длабока Река. Езерото се храни со вода од врнежите и топење на снежниците и нема истека на вода од своето кориот. Именувањето на езерото како Малокорапско е според неговата местоположба во непосредната близина на врвот Мал Кораб, а не поради одликите на големината, според што тоа е поголемо од блиското Големокорапско Езеро.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). "Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово" (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 9.10.2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)