Прејди на содржината

Јаворско Брдо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јаворско Брдо

Поглед на врвот Јаворско Брдо од запад
Висина &100000000000021550000002.155 м
Место Македонија Македонија
ВенецКораб
Прво освојувањенепознато

Јаворско Брдо (познат и како Јаворски Рид[1]) — врв во јужниот дел на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.155 метри[1].

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Се наоѓа на крајниот јужен дел на планината Кораб на планинското било, во близината на главниот срт на протегаење. Поточно, врвот Јаворско Брдо се наоѓа на планинска огранка која се испушта од соседниот врв Високо Брдо на главниот срт на протегање кон исток и завршува со врвот Куртово Ќуле, поради што Јаворско Брдо се наоѓа целосно внатре на територијата на Македонија. Според местоположбата на врвот Јаворско Брдо се наоѓа на координатите 41°41'02" северна географска широчина и 20°32'30" источна географска должина[1]. Сместен е на планинската огранка која се протега на источната падина на планината Кораб, помеѓу врвот Високо Брдо (2235 м.) на запад и врвот Куртово Ќуле на исток, додека кон север и југ се испуштаат стрмни падини во долините на Таировска Река на север и Валавичарска Река со која е пределната граница со која почнува планината Дешат на југ. Веднаш на подножјето под самата западна падина на Јаворско Брдо на преслапот кој го поврзува со соседниот врв Високо Брдо постои разрушена градба на караула крај која минува разгазената граничарска патролна патека. Самиот највисок дел на врвот е остар и зашилен, целосно тревнат и оголен, додека шумите се прилично подолу, а на неговата јужна падина покрај буковата шума, ниско во пределото Голема Планина има и ретки јавори поради што веројатно постои мала можност така да го добил името Јаворско Брдо. Во некои пишани извори врвот е познат и како Јаворски Рид[1], додека на топографските карти врвот е запишуван како Јаворско Брдо, најверојатно под влијание на југословенското картографирање на српскохрватски јазик. Друга можност за потеклото и значењето е од зборот "Јаловарско" што е забележан како топоним на билото на планината Дешат во најнепосредната близина на овој врв а има значење поврзано со сточарството односно место каде се оставале јаловите (неплодни, неродни) овци и добиток.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 13 август 2019.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)[мртва врска]