Чукино Езеро
Изглед
Чукино Езеро | |
![]() | |
Планина | Кораб |
Чукино Езеро — природно ледничко езеро на планината Кораб во Македонија. Се наоѓа веднаш под врвот Црна Чука, според кој го добило и своето име Чукино Езеро. Сместено е во вдлабнатина (цирк) на подножјето помеѓу врвовите Црна Чука на југозапад и Бел Врв на североисток, на главното планинско било на Кораб, блиску до главниот планински срт на неговата источна (македонска) страна на надморска височина од 2390 метри.