Мал Кораб
Мал Кораб | |
---|---|
Висина | 2.683 м |
Место | Македонија Македонија |
Венец | Кораб |
Прво освојување | непознато |
Мал Кораб — врв во средишниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата височина изнесува 2.683 метри[1].
Местоположба
[уреди | уреди извор]Се наоѓа во средишниот дел на планината на главниот срт, во непосредна близина на границата меѓу Македонија и Албанија, но сепак целосно припаѓа на македонска територија. Според местоположбата на врвот Мал Кораб се наоѓа на координатите 41°46'15" северна географска широчина и 20°32'08" источна географска должина[1], западно од селото Нистрово[2]. Поточно, врвот Мал Кораб е сместен непосредно на север над долината на Длабока Река и познатиот Корапски водопад, додека понатаму на север преку седло со камењар-сипар тој е веднаш непосредно поврзан со повисокиот врв Малокорапска Стена (Мала Корапска Врата) (2725 м.). До врвот Мал Кораб води обележана планинарска патека која води од долината на Длабока Река и Корапскиот (Пројфелски) водопад до самиот врв, а потоа преку превојот Мала Корапска Врата продолжува до највисокиот врв Голем Кораб. На самиот врв Мал Кораб постои кота односно пирамида изградена од бетон, која го означува врвот.
именување
[уреди | уреди извор]Се одликува со величествен изглед, поради стрмниот и вертикален карпест стеновит блок кој ја сочинува јужната падина и сипарот од камења на источната падина каде неговата северна падина стрмно се спушта до преслапот кој го поврзува со Малокорапска Стена, поради што е забележителен и видлив и од многу големи далечини. Поради забележителниот изглед кој го има Мал Кораб со соседниот карпест и стеновит врв Малокорапска Стена кој е налик на кораб, односно брод кој плови, е именувана и е добиено името на целата планина[3]. На некои топографски карти, врвот Мал Кораб е означен и како Кепи Бард (име кое го носи друг врв веднаш источно наспроти врвот Голем Кораб) и само како Кораб.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на Мал Кораб (лево) и Малокорапска Стена (Мала Корапска Врата) (десно)
-
Поглед на Мал Кораб и истоименото Малокорапско ледничко езеро во подножјето
-
Поглед на Мал Кораб (лево) и Малокорапска Стена (десно) над долината на Длабока Река
-
Поглед на Мал Кораб
-
Поглед на Мал Кораб (лево), Малокорапска Стена (средина) и највисокиот врв Голем Кораб (десно)
-
Поглед на Мал Кораб (лево) и Малокорапска Стена (десно)
-
Поглед на вертикалната карпеста јужна падина на врвот Мал Кораб
-
Поглед од исток кон Мал Кораб
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 7 ноември 2017.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Петрушевски, Илија (2012). Попис на врвовите во Република Македонија. Тетово: Хартија Комерц. стр. 13.
- ↑ Според кажување на овчар од Албанија. Забележале Марио Шаревски, Зоран Тодоровски, Крумислав Јововски, Васко Кически на 27 јули 2019