Црн Камен (Кораб)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црн Камен
Црн Камен (Кораб) 01.jpg
Поглед на врвот Црн Камен
Висина &100000000000024040000002.404 м
Место Македонија Македонија Македонија Албанија
ВенецКораб
Прво освојувањенепознато

Црн Каменврв во средишниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.404 метри[1].

Местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во средишниот дел на планината Кораб на главниот срт, во непосредна близина односно на самата гранична линија меѓу Македонија и Албанија. Според местоположбата на врвот Црн Камен се наоѓа на координатите 41°43'24.9" северна географска широчина и 20°30'51.3" источна географска должина. Сместен е на главниот срт на протегање на планината Кораб, веднаш помеѓу врвовите Шупла Стена (2431 м.) на југ и Дерза (2403 м.) веднаш непосредно на север. Врв Црн Камен кој и самиот има зашилен остар изглед со тесен шпицест срт е токму во средината помеѓу двата зашилените и остри врвови Шупла Стена и Дерза, на истиот планински гребен определен со превоите Шкртец и Цигански Проход, поради што погледнати од повеќе места од далечина тие три врвови даваат особено убава налик „алпска“ глетка. Црн Камен се одликува со многу величествена глетка, при што двете падини му се многу стрми со испресечни карпи со сипари од ситни камења и бујна трева при што на источната падина веднаш под самиот врв карпата има изразите црна боја поради што врвот и го добил името Црн Камен. Црната боја на карпата веднаш под врвот е изразите и забележлива од далеку како спротивност на околните сиви, жолтеникави и бели камења и веројатно е настаната како поради (веројатно гранитниот) составот така и од слевањето на вода и припекот поради поставеноста кон исток - североисток. Сртот на самиот врв е многу тесен и тревнат сo стрмни провалии од двете страни, но до последните сантиметри пред највисоката точка тој е и карпест поради што е многу тежок за искачување. Поради тоа што самата највисока точка на врвот е многу тесна, на нејзе има место да застанат највеќе 3 до 4 луѓе. Врвот Црн Камен може да се искачи по доброразгазената граничарска патека која води и го заобиколува по неговата источна падина, а најдобрата можност за искачување е по тревнатата североисточна падина до малото тревнато и зарамнето планинско седло на сртот кое го одделува од сосдениот врв Дерза, од кое за 5 минути во правец може да се искачат овие два врва.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Маврово.