Осојно Езеро
Извирско Езеро | |
Длабочина | 0,6 м |
Надморска висина | 1.620 м |
Планина | Кораб |
Осојно Езеро (познато и како: Извирско Езеро) — природно ледничко езеро на планината Кораб во Македонија. Се наоѓа веднаш под врвот Бачилски Камен и трите природни леднички езера Бачилско Езеро, Средно Езеро и Долно Езеро на надморска височина од 1,620 метри. Сместено е во вдлабнатина на стрмна тераса која ги поврзува гребенот Осој на исток и врвот Бачилски Камен на запад[1]. Самото езеро претставува извор на повремен поток кој претставува изворишна челенка на Изворскиот Поток кој пак е изворишна челенка на реката Рибница. Езерото се одликува со бистра вода и има променлив водостој, но воопшто не пресушува, а поради пропусливоста на стрмното земјиште над него прима вода од езерата погоре од него. Именувањето како Извирско Езеро доаѓа од фактот што самото езеро претставува извор и воедно може да е наречено според пределите Голем и Мал Извор, а може да се нарече и Осојно поради блискиот истоимен гребен[2].
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на езерото од југ
-
Поглед на езерото од запад
-
Поглед на езерото од исток
-
Поглед на езерото од запад со гребенот Осој
-
Поглед на езерото од југ
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Шаревски, Марио (2020). „Општ географски преглед на планината Кораб и нејзините (не)истражени врвови, езера и предели“. Записи за Кораб: 33–35. ISBN 978-608-66336-1-5. Архивирано од изворникот на 2020-08-11. Посетено на 2021-11-30.