Бачилско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бачилско Езеро (Езеро Бачилски Камен)
Бачилско Езеро (Бачилски Камен) - Кораб - МК 02.jpg
Координати: 41°43'10.4 с.г.ш. 20°32'01.8 и.г.д
Површина: 318 м2
Должина: м
Ширина: м

Обем:

м
Длабочина: 2 м
Надморска висина: 1.760 м
Планина: Кораб

Бачилско Езеро — се наоѓа во изворишниот дел на река Рибница, од левата долинска страна, на надморска височина од 1.760  метри.[1] До езерото се  доаѓа  по  коњска  патека  која  води  од  село Тануше по долината на Рибница. Површината на езерото изнесува 318  m2, а неговата длабочина се проценува на околу 2 метри[1].

Местоположба[уреди | уреди извор]

Езерото се наоѓа во широка вдлабнатина - цирк, источно од врвот Бачилски Камен на источната падина во јужниот дел на планината Кораб, недалеку од главниот срт на протегање на корапската верига. Поточно, езерото е сместено во вдлабнатина под седлото (помеѓу) кое ги поврзува врвовите Бачилски Камен и Бабин Камен. Во научната литература и истражувања ова природно ледничко езеро е познато и под името Езеро Бачилски Камен[1], поради неговата местоположба, односно бидејќи се наоѓа веднаш под истоимениот планински врв.

Одлики[уреди | уреди извор]

Бачилското Езеро е постојано природно ледничко езеро кое зафаќа површина од 318 м2. Во катастарот на недвижности, постои посебна парцела именувана како природно езеро Бачилски Камен чија површина изнесува 913 м2 што може да се однесува на поввршината целото корито (басен), додека водната површина, односно онаа која е постојано под вода, е променлива и варира во однос на периодот и временските услови од топењето на снеговите на пролет (април-мај), сушниот и врнежливите периоди во лето и есен, додека зиме замрзнува. Езерото има крушовиден облик, односно заоблен облик со издолженост кон исток на крајниот североисточен брег. На западниот и северозападниот брег има неколку изворчиња од кои дотекува вода, додека самото езеро нема истека. На источниот брег на езерото постои листопадно дрво, како и брег (док) соѕидан од натрупани камења, кој најверојатно се користи од овчарите за втерување овци на капење. Забележително е големото повлекување на нивото на водата во топлиот период, крај на мај и почеток на јуни, кога нивото на водата се повлекува и за 1 метар во период од само 2 недели[2].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). "Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово" (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. конс. 7.11.2017. 
  2. Забележано на 25.05.2018 и 10.06.2018 од Марио Шаревски, Зоран Костадинов и Јовче Николовски