Боази

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Боази
Боази (Кораб) 01.jpg
Висина 2.495 м
Местоположба Македонија Македонија
ВенецКораб
Прво освојувањенепознато

Боазиврв во средишниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб во Македонија. Неговата височина изнесува 2.495 метри[1].

Местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед кон врвот Боази

Боази е врв на главниот срт на протегање во средишниот дел на планината Кораб, на самата македонско-албанска државна граница. Според местоположбата на врвот Боази се наоѓа на координатите 41°45'23" северна географска широчина и 20°31'39" источна географска должина[1]. Сместен е во пределот помеѓу долината на Длабока Река со Корапскиот водопад и врвот Мал Кораб на север и високопланинскиот превој - преминот Цигански Проход на југ, додека од врвот Боази кон исток се испушта планинската огранка на која се сместени високите, тешко пристапни, многу стрмни и зашилени (налик „алпски“) врвови Кабаш и Рибничка Скала. Врвот Боази се наоѓа на самиот срт, а неговите падини кон запад и исток се многу стрмни и каменливи, а притоа низ двете долини од двете падини на север и југ од Боази водат планински патеки и патишта по кои се движеле многу сточари и патници преминувајќи го сртот на Кораб, поради што најверојатно врвот и го добил името Боази кое доаѓа од турскиот збор boğaz кој значи премин, превој, грло, клисура, врат („шија“), пат. До врвот може да се искачи по добро разгазената граничарска патека, пристапувајќи од долината на Длабока Река (Пројфел) на север, а продолжувајќи по неа кон Цигански Премин на југ, веднаш на јужното подножје под врвот на надморска височина од 2318 метри е сместено постојано природното ледничко езеро Изгревно Езеро.  Целиот крајолик на пределот околу врвот Боази е исполнет многу убави високогорски речиси „алпски“ планински глетки, на стрмни врвови, длабоки долини, стрмни падини со карпи со камењари (сипари), високопланински тревнати пасишта и ливади со боровинки и малини.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. конс. 7.11.2017.