Перен
Перен | |
---|---|
Врвот Перен | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.326 м |
Координати | 42°16′22.26″N 22°1′7.99″E / 42.2728500° СГШ; 22.0188861° ИГД |
Географија | |
Земја | Македонија |
Матичен венец | Козјак |
Искачување | |
Прво освојување | непознато |
Перен ― највисок планински врв со 1,326 м на планината Козјак сместена во североисточниот регион на Македонија.[1]
Местоположба[уреди | уреди извор]
Врвот се наоѓа во околината Дејловце, во Општина Старо Нагоричане. Во близина на Перен се наоѓаат селата: Длабочица, Арбанашко и Цветишница.
Знаменитости[уреди | уреди извор]
Самиот врв е ридест и е пасиште, со ниска вегетација и грмушки. Има облик на заоблено било и е лесно препознатлив бидејќи на него има репетиторни станици. На врвот има табла со назив на врвот и надморска височина.
Достапност[уреди | уреди извор]
Поради потребите за одржување на репетиторните станици, до врвот води колски пат по кој може да се стигне со велосипед и со теренско возило. Под самиот врв поминува асфалтен пат кој води до околните села. Од патот до врвот има околу 1 км пешачење.
Разно[уреди | уреди извор]
Во февруари 2015 година, планинарите од ПК „Козјак“ се искачиле на врвот во чест на починатиот претседател на Македонија, Борис Трајковски.[1]
Врвот бил искачен во јануари 2020 година, од страна на Планинарското друштво Трансверзалец. Искачувањето било во рамките на нивниот планинарски проект „12 Врвови“.[2]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Планинарите од „Козјак" се искачија на Перен“. Канал 5. 1 март 2015. Посетено на 16 мај 2023.
- ↑ „Врв 4/12: Перен на Козјак (1326 мнв)“. Планинарското друштво Трансверзалец. јануари 2020. Посетено на 16 мај 2023.