Тумба (врв)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тумба
Τούμπα
Tumba Belasica IMG 7972.jpg
Поглед на врвот Тумба
Највисока точка
Надм. вис.1.881 м
Координати41°20′18″ N; 22°55′39″ E / 41.3383° СГШ; 22.9275° ИГД / 41.3383; 22.9275Координати: 41°20′18″ N; 22°55′39″ E / 41.3383° СГШ; 22.9275° ИГД / 41.3383; 22.9275
Друго имеΤούμπα
Географија
Тумба на интерактивна карта

Карта

Место Македонија
 Грција
 Бугарија
Матичен венецБеласица
Карта

Тумба — врв на планината Беласица во југоисточна Македонија на 1.881 м.н.в. На врвот се наоѓа тромеѓата меѓу Бугарија, Грција и Македонија.

До планината Беласица може да се стигне преку селото Смолари, кое се наоѓа на 28 километри од Струмица. Од Смолари се стигнува до планинарскиот дом „Шарена Чешма“. Потребни се 2,5 часа пешачење до домот и уште толку од таму до врвот Тумба.

Бидејќи овој врв се наоѓа на македонско-бугарската и македонско-грчката граница, потребно е да се добие дозвола за движење долж границата. Дозволата се издава во место на живеење. Патеката е обележана, а домот „Шарена Чешма“ работи по потреба, со претходна најава во планинарското друштво „Ентузијаст“ од Струмица. Од 2001 година секоја година во август се организира меѓународен планинарски поход за искачување на врвот, насловен „Балкан без граници“.

Приоди за искачување[уреди | уреди извор]

Најпогодни приоди за искачување на врвот се следните:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]