Волчјак (планински врв)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Волчјак
Волчјак на Серта 02.jpg
Поглед од север на највисоката кота на Волјчак
Висина 1.159 м
Местоположба Македонија Македонија
ВенецСерта
Прво освојувањенепознато
Најлесна патекадрварски пат од с.Лубница

Волчјак (на месен говор В'чјак или В'лчак) — највисок врв и гребен на планината Серта во источниот дел на Македонија, помеѓу Повардарието и областа Лакавичко во Радовишко. Неговата надморска височина изнесува 1159 метри. Сместен е на истоимениот издолжен планински гребен со меридијански правец на протегање север - југ во средишниот дел на планината Серта (Конечка Планина). Поточно, сместен е во средишниот дел на раздробеното планинско било, со неопределен срт, југозападно од радовишкото село Конче и на север од течението на Вардар во Демиркаписката Клисура[1]Од врвот се пружа извонредна глетка на целата планина Серта, долината на Вардар со клисурата и гратчето Демир Капија и планината Кожуф на запад, Гевгелиско-валандовската котлина на југ, планината Пирин на исток и планините Клепа и Мокра на север. На самиот планински гребен има присуство на доста волци и друг дивеч, поради што најверојатно го добил и името. Источната падина на Волчјак кон Радовишко е обрасната со букова шума, но е многу обесшумена и опустошена од дрвосеча.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шаревски, Марио (2018). „Планинарски предизвик 12 Врвови“ (брошура). Алгасан, ПД „Трансверзалец“, Единствена Македонија. стр. 6.