Китка (Осогово)
:За планинскиот врв на Китка, видете Китка (Китка).
| Китка | |
|---|---|
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 1.327,6 м |
| Координати | 42°18′32″N 22°22′14″E / 42.3089°N 22.3705°E |
| Географија | |
| Место | Мала Црцорија, Општина Крива Паланка / Жеравино, Општина Ќустендил |
| Земја | |
| Матичен венец | Осогово |
Китка (бугарски: Китка) — врв на Осоговските Планини со височина од 1327,6 м. Низ него минува границата помеѓу Македонија и Бугарија.
Најблиски населени места се Мала Црцорија (маалото Белавинци) од македонска страна[1] и Жеравино (поточно неговата Чергарска Маала) од бугарска.[2]
Според некои извори Китка е најзападната точка на Бугарија.[3][4] На врвот се наоѓа граничната пирамида број 105. На околу 800 метри во правец запад-северозапад е граничната пирамида бр. 106, во која е тромеѓата помеѓу Македонија, Бугарија и Србија, што би значело дека Китка не е најзападната точка во земјата. Во 2015 г. е утврдено дека вистинската најзпадна точка на Бугарија е седло кај врвот Вршка Чука (43°48′34″N 22°21′26″E / 43.8095°N 22.3571°E) во Видинската област, на крајниот северозапад од државата.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Белавинци — GeoNames
- ↑ Чергарска махала — GeoNames
- ↑ БАН, „География на България: Физическа и социално – икономическа география“. ФорКом, С., 2002
- ↑ Пенин, Румен, „Природна география на България“. Булвест 2000, С. 2007
- ↑ Сарафов, А. (2015). „Две най-западни точки на България?“. drive.google.com. drive.google.com. Посетено на 18 ноември 2015. Занемарен непознатиот параметар
|coauthors=(се препорачува|author=) (help)

