Ошчима

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оштима
Оштима се наоѓа во Грција
Оштима
Оштима (Грција)
Општина /
Надморска височина 1020м
Мрежно место Оштима
Селото Ошчима

Ошчима е село во Егејска Македонија меѓу градовите Лерин и Костур блиску до изворот на реката Бистрица во северо-источниот дел на Егејска Македонија. Селото се наоѓа на 1020 метри н.м.в., помеѓу планините Бигла на север, планината Гомнуш на исток и планините Локма и Боданца на запад.

Историја[уреди | уреди извор]

Се смета дека првите жители на Ошчима се доселиле од другите делови на Македонија. Не се знае колку точно е старо селото, но првите информации за најстарите фамилии се од 18 век. До почетокот на 19 век 36 фамилии живееа во Ошчима (околу 200 луѓе).

Легенда[уреди | уреди извор]

Според една легенда, на велигден селото Ошчима било нападнато од разбојничка банда која го опколила селото, го запалила и оставила многу мртви зад себе. Преживеаните селани се сокриле под една карпа во поблиската шума. Тие останале цел ден под карпата и се молеле за своите животи, што според легендата им дало нова храброст и сила да продолжат да живеат во селото. И така карпата станал симбол на храброста на ошчимјаните.

Селото Ошчима на карта на Македонија


Име[уреди | уреди извор]

Според друга легенда селото повторно било нападнато од разбојничка банда и кога бандата се враќала од опустошеното село сретнала друга банда на патот и ја посоветувала да го ограби селото со зборвоите „ошче има“, па така богатото село станало познато како Ошчима.