Света Недела (село)
Света Недела Αγία Κυριακή | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°31′N 21°7′E / 40.517° СГШ; 21.117° ИГДКоординати: 40°31′N 21°7′E / 40.517° СГШ; 21.117° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Костур |
Надм. вис. | 680 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 346 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Света Недела (грчки: Αγία Κυριακή, Агија Кирјаки) — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на 15 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе. Селото се наоѓа на надморска височина од 680 метри.
Историја[уреди | уреди извор]
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Света Недела се состоело од 90 семејства со 70 жители муслимани и 220 Македонци[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Света Недела имало 80 жители Македонци и 350 Турци[2][4].
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 македонски патријаршисти[2][5]. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 175 Грци и 375 Турци[6]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 15 македонски и 30 муслимански семејства[7].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[8]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 450 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 398 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото.
Демографија[уреди | уреди извор]
Во 1928 година селото броело 264 жители.[9], додека во 1940 година селото броело 427 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 362 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 349 жители, во 1971 година имало 258 жители, во 1981 година имало 278 жители, додека во 1991 година имало 305 жители[10]. Денеска, населението на селото е 263 жители според пописот од 2011 година.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале кон Костур. По нормализирање на состојбата, жителите на селото се вратиле во своите домови.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 427 | 362 | 349 | 258 | 278 | 305 | 346 | 263 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Верски објекти
Личности[уреди | уреди извор]
- Нуредин ефенди — крупен земјопоседник и зулумќар, убиен од ВМРО во 1900 г.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 106-107.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
- ↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Agia Kiriaki“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-19.
- ↑ Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 35.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-19.
|