Кркардаш
Изглед
Кркардаш или Крккардаш е легендарен крај во северниот дел на битолски (Баир), каде се случила нерамноправна борба меѓу Македонците и турскиот аскер. Според легендите од Марко Цепенков, на тоа место постоела мала тврдина, на феудалниот запоседник Тољо, која Турците, за време на нивното освојување на Битола ја затвориле. Таму, целокупното македонско население пружило жесток отпор. Во крвавата битка паднале сите бранители на тврдината. Поради цврстата и јуначка одбрана Турците тој крај го нарекле Крккардаш, што во превод значи 40 браќа.
Денес на тоа место се Црквата „Св 40 маченици“ и „Свети Архангел Михаил“. Денот на црквата е секој прв ден на пролетта.