Тумбе Кафе
Тумбе Кафе претставува ридско - планински предел сместен на јужниот дел на градот Битола. Има голема значајност за градот, бидејќи е едно од познатите места за рекреација на битолчани. Поврзан е со битолското шеталиште и битолскиот најголем парк, така што доколку се шета од Широк Сокак надолу кон шеталиштето, на самиот крај на истото продолжува нагорнина, односно се влегува во ридот Тумбе Кафе.
Знаменитости[уреди | уреди извор]
На ридот Тумбе Кафе се наоѓа и битолската зоолошка градина, која е убав додатен дел на рекреацијата. Исто така, од другата страна во подножјето се наоѓаат и Српските гробишта од Првата светска војна, Влашките гробишта и Буковските гробишта и стадионот на ФК Пелистер - Тумбе Кафе. Има две чешми за разладување, има мини - амфитеатар за одржување на културни манифестации со помал карактер, кафана која моментално е во руинирана состојба, а беше најпознато место за дружење во времето на СФРЈ, како и справи за вежбање и рекреација.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- „Времеплов - Валцер на битолско Тумбе Кафе и еснафски чамче муабет до доцна во ноќта“, „Македонија Денес“
![]() | Оваа статија поврзана со Битола е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |