Розово фламинго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Розово фламинго
Phoenicopterus roseus (Walvis bay).jpg
Розово фламинго во Валфис Беј, Намибија
Розово фламинго во лет
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Фламинговидни
Семејство: Фламинга
Род: Фламинго
Вид: Розово фламинго
Биномен назив
Phoenicopterus roseus
Pallas, 1811
Синоними

Phoenicopterus antiquorum

Розово фламинго или големо фламинго (науч. Phoenicopterus roseus) — најраспространет вид од семејството на фламингата. Се среќава во делови од Африка, јужна Азија (крајбрежните региони на Пакистан и Индија), и јужниот дел на Европа, вклучувајќи ги Шпанија, Албанија, Турција, Грција, Кипар, Португалија, Италија, Франција, а се среќава и во Македонија. Некои популации се преселници на кратко растојание и се среќаваат посеверно од вообичаениот опсег. Популарни се и за чување во заробеништво.

Опис[уреди | уреди извор]

Младенче
Младенче (горе), возрасна единка (долу), во лет

Овој вид фламинго е најголем од целото семејство, висок 110–150 см и тежок 2–4 кг. Најголема женка розово фламинго е забележана со 187 cm висина и тежина од 4,5 кг.[2] Како и сите фламинга, овој вид несе само едно варовито-бело јајце на тумба од кал. Повеќето од пердувите му се розовобели, но крилата му се покриени со црвени пердуви, а основните и средните пердуви за летање му се црни. Клунот му е розов со црн врв, а нозете му се целосно розови. Се огласува слично на гуска, како трубење. Младенчињата се белосиви, и им треба неколку години за да ја постигнат розовата боја. Таа боја, всушност ја добиваат од исхраната, од каротенските пигменти на организмите што ги јадат.

Овие птици живеат во мочурливи предели и плитки крајбрежни лагуни со солена вода. Со своите нозе ја копаат калта и тињата и оттаму со клунот филтрираат мали ракчиња, семиња, алги, микроскопски организми и мекотели. Се храни со главата надолу, а горната вилица не ѝ е фиксирана за чарепот, туку е подвижна.[3]

Животен век[уреди | уреди извор]

Животниот век на фламингото, според зоолошката во Базел е над 60 години. Најстарото познато розово фламинго е жител на зоолошката градина Аделаида во Австралија, и има барем 77 години. Точната возраст на птицата не се знае, бидејќи веќе бил возрасен кога го донеле во зоолошката во 1933 година, и сè уште бил жив во 2011 г. [4]

Односи со луѓето[уреди | уреди извор]

Заробеништво[уреди | уреди извор]

Колонија фламинга во зоолошката во Базел
Споредба со Обичен пеликан

Прва позната зоолошка каде се одгледуваат фламинга е од 1959 г. во Базел. Таму се израснати 400 птици, просечно од 20 до 27 годишно до 2000 година.[5]

Поради успешноста на размножувањето во Базел и недостаток на простор, многу фламинга од таму се праќани во зоолошки ширум светот. Со оглед на времето од 1959 година и бројноста на птиците кои се излегнати таму, може да се заклучи дека голем број колонии фламинга во другите зоолошки се роднински поврзани со фламингата од Базел.

Опасности[уреди | уреди извор]

Во солените блата на Индија и Пакистан, повремено фламингата се усмртени од каблите со 1000 вати струја, на кои тие стојат. До сега се регистрирани 139 такви случаи.

Во минатото[уреди | уреди извор]

Римските цареви го сметале јазикот од фламингото за специјалитет.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). "Phoenicopterus roseus". Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. http://en.tourduvalat.org/content/download/7378/73859/version/2/file/All+About+Greater+Flamingo.pdf
  3. 3,0 3,1 "Flamingo Feeding". Stanford University. конс. 11 March 2013. 
  4. "Australia youths "maul flamingo"". BBC News Online. 30 октомври 2008. конс. 17 април 2009. 
  5. "50 years of flamingo breeding". Basler Zeitung. 13 август 2008. конс. 21 март 2010. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]