Речна рибарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Речна рибарка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Фамилија: Рибарки
Род: Sterna
Вид: Речна рибарка
Биномен назив
Sterna hirundo
Linnaeus, 1758
Map showing the breeding range of Sterna hirundo (most of temperate northern hemisphere), and wintering areas (coasts in tropics and southern hemisphere).
      Лето - размножување
      Зима - презимување
Синоними

Sterna fluviatilis Naumann, 1839

Речната рибарка[2] (науч. Sterna hirundo) е птица од фамилијата на рибарките која се среќава и во Македонија. Распространета е циркумполарно, а нејзините четири подвида се размножуваат во умерените и субарктички предели на Европа, Азија и Северна Америка. Таа е птица преселница, која зимува во крајбрежните тропски и суптропски предели. Возрасните со перје во сезона на размножување имаат многу светло сиви горни делови, бели до многу светло сиви долни делови, црна капа, портокаловоцрвени нозе, и прав, шилест клун. Зависно од подвидот, клунот може да биде црвен со црн врв или целиот црн. Има неколку слични видови, кои се разликуваат во детали на перјето, нозете и бојата на клунот или според огласувањето. Размножувајќи се во многу поширок опсег на живеалишта од нејзините сродници, оваа рибарка гнезди на секое рамно, сиромашно со вегетација место близу до вода, вклучувајќи ги и плажите и островите и лесно се адаптираат на вештачки платформи. Гнездото е сосема мала длапка во песокот или меѓу камчињата, но оградена или обрабена со гранчиња или нешто друго што е подостапно. Несат повеќе од 3 јајца, со бои кои овозможуваат камуфлажа во песокта на отворените плажи. Јајцата ги квачат обата родитела кои се испилуваат по 21-22 дена, или подолго ако колонијата ја вознемируваат предатори. Со перје се здобиваат по 22-28 дена. Како повеќето рибарки и овие ја ловат рибата нурнувајќи се од лет, во мориња или езера, но се хранат и со разни без’рбетници.

Таксономија[уреди]

Рибарките се мали до средни птици кои по надворешност личат на галебите, но обично со поделикатна, полесна градба и пократки и послаби нозе. Имаат долги, зашилени крилја кои им овозможуваат брз лет, и обично имаат убаво изразена чаталеста опашка.[3] Повеќето видови се сиви одозгора и бели одоздола, со црна капа, која се редуцира или покрива со бело зиме.[3]

Речната рибарка првпат ја опишал Карл Лине во неговата Systema Naturae во 1758 со нејзиното сегашно научно име, Sterna hirundo.[4] Генерално, се препознаваат четири подвида, иако S.h.minussensis понекогаш се смета за хибрид на S.h.hirundo и S.h.longipennis.[5][6]

Подвидови Распространетост при размножување Знаци за распознавање
S. h. hirundo
(Linnaeus, 1758)
Европа, Северна Африка, источна Азија до западен Сибир и Казахстан и Северна Америка. [7] Разликите меѓу американската и европската популација се минимални. Американските птици имаат во просек малку пократки крилја и црниот врв на горната мандибула (вилица) е нешто помал од птиците во Скандинавија и источна Евроазија. Пропорциите на црното на клунот се на минимум на запад од Европа.[7]
S. h. minussensis
(Sushkin, 1925)
Бајкалско Езеро на исток до Монголија и јужен Тибет.[8] Посветла е одозгора во телото и крилјата од S. h. longipennis, пурпурниот клун има црн врв.[8]
S. h. longipennis
(Nordmann, 1835)
Од централен Сибир до Кина, и во Алјаска..[7] Потемно сиви од номинираниот подвид, со пократок црн клун, потемни црвенокафеави нозе и подолги крилја.[7]
S. h. tibetana
(Saunders, 1876)
Хималаите, до јужна Монголија и Кина.[7] Како номинираниот подвид, но клунот е пократок, а црното на врвот е пошироко.[7]

Опис[уреди]

Возрасен S. h. hirundo во Финска
Возрасен S. h. hirundo со перје во сезона на размножување, во Масачусетс

Номинираниот подвид речна рибарка е долг 31-35 см, вклучувајќи го и чаталот од опашката (6-9 см), со распон на крилјата од 77 до 98 см. Тежи 110-141 г.[7] Возрасните во сезона на парење имаат светло сиви горни делови, многу светло сиви долни делови, црна капа, портокаловоцрвени нозе, и прав, остар клун кој може да биде црвен со црн врв или целиот црн (зависно од подвидот).[9] Одозгора крилјата им се светло сиви, но како одминува летото, темните ленти на надворешните пердуви за летање стануваат поинтензивни и крилјата изгледаат посиви. Задникот и опашката се бели, и кога птицата стои долгата опашка не се протега повеќе од пердувите на крилјата. Нема значителни разлики меѓу половите. Вон сезона на парење, челото и долните делови на возрасните птици стануваат бели, клунот е целиот црн, или црн со црвена основа, а нозете се темно црвени или црни.

Речната рибарка е брз летач, способен за нагли превртувања, спуштања, лебдења и вертикални полетувања. Кога лета со рибите, лета близу до површината и тоа со силен челен ветер, но на 10-30 метри над водата го следи правецот на ветрот. Различно од миграциите, таа останува под 100 метри во летовите, со просечна брзина од 30 км/ч кога нема ветер. Неговата просечна брзина за време на ноќните миграции е 43-54 км/ч.[10] на висина од 1.000 до 3.000 метри.

Митарење[уреди]

Детаљ од примарен пердув

Младенчињата започнуваат да се митарат и да се здобиваат со перје на возрасни, првиот октомври. Прво се менуваат пердувите на главата, опашката и телото кои се готови до февруари, а потоа пердувите на крилјата. Пердувите за летање се обновуваат во фази, прво внатрешните, а потоа замената е стопирана на југ, во зимувалиштето (младите птици на оваа возраст остануваат во зимувалиштата) и продолжува наесен. Од мај до јуни, следната година, започнува слична секвенца на митарење, со пауза кај птиците кои одат на север, но не и кај оние што остануваат. Најголемото митарење настанува следниот февруари до јуни, кога од 40 до 90% од перјето се заменети.[7]

Рибарките се необични по тоа што ги менуваат своите примарни пердуви често, двапати до трипати годишно.


Огласување[уреди]

Речната рибарка има широк спектар повици, од кои највпечатлив е тревожниот звук кии-јее кој го употребува со повторување како предупредување за натрапниците, додека сериозна закана се обележува со куар и со полетување, што ја замолчува обично бучната колонија додека не ја проценат опасноста.[11] Надолното киур го употребуваат кога возрасниот се приближува до гнездото носејќи риба, и веројатно се користи за индивидуално препознавање (пилињата излегуваат од скривалиштето кога ќе го слушнат овој звук од родителите). Друг вообичаен повик е кип употребуван за комуникација. Останатите вокализации го вклучуваат какакакака кога се напаѓаат натрапниците и раздвоено кек-кек-кек кога се борат мажјаците.[11]

Распространетост и живеалиште[уреди]

Вон сезона на парење, во Бразил

Поголемиот дел од популацијата на речните рибарки се птици преселници, зимувајќи на југ од својот опсег на размножување во умерената и субарктичка северна хемисфера. Најчесто, едногодишните птици остануваат во зимувалиштата. Во Северна Америка, речната рибарка се размножува долж атлантскиот брег, од Лабрадор до Северна Каролина, и во копното во речиси цела Канада. Тие зимуваат на двата брега на Централна и Јужна Америка, во Аргентина на источниот брег до Северен Чиле на западниот брег. [12][13]

Птицата е распространета речиси низ цела Европа, со најголем број на север и исток од континентот. Мал број има и на брегот од Северна Африка, на Азурите, Канарски Острови и Медеира. Претежно зимуваат во западниот дел од јужна Африка, птиците од јужна и западна Европа имаат тенденција да останат на север од екваторот, а другите патуваат понајуг.[14]

Распространетоста на птицата продолжува кон умерените тајги на Азија, а тие зимуваат во Индија, Јапонија или Австралија.[12]

Гнездење

Како преселница на долги растојанија, речните рибарки заскитуваат далеку од својот опсег. Забележани се длабоко во копното на Африка, во Замбија, на Малдивите;[15] во Австралија,[16] на Андите и во внатрешноста на Јужна Америка.[17]

Речната рибарка се размножува во поширок спектар на живеалишта од било која друга рибарка, од тајгите во Азија, до тропските плажи,[18] и на 2.000 метри надморска височина во Ерменија и 4.800 метри во Азија.[14] Избегнува места кои се постојано дождливи или ветровити, како и замрзнати води. Живее крај слатки води и крај мориња, на било какви рамни површини, вклучувајќи ги песочните и камчестите плажи, динестите предели, солените мочуришта и најчесто островите.

Однесување[уреди]

Територија[уреди]

Три јајца во гнездо

Речната рибарка се размножува во колонии кои обично не надминуваат 2.000 пара,[14] но повремено можат да достигнат бројка и над 20.000 пара.[19] Колониите во копното обично се помали од оние на крајбрежјата. Често се мешаат и со други видови птици. Во раниот период од сезоната на парење, без позната причина, повеќето или сите рибарки летаат во тишина ниско и брзо над морето. Овој феномен се нарекува „страв“.[14]

Кога ќе се вратат на територијата за размножување, рибарките неколку дена скитаат пред да се решат за конкретното место,[20] и гнездењето може да зависи од достапноста на рибите.[21] Рибарките зафаќаат малку простор, со растојание меѓу гнездата од 50 см, но почесто од 150 до 350 см. Како и многу птици, истите места повторно се употребуваат со години, со рекорд од еден пар кој се враќал на истото место 17 сезони. Околу 90% од птиците гнездат на истото место, па младите птици мора да гнездат или на периферијата или во друга колонија.[20] Мажјакот ја бира територијата за гнездење неколку дена по пристигнувањето од југ, а нему му се придружува претходната партнерка, освен ако не доцни повеќе од 5 дена, во тој случај парот може да се раздвои.[22]

Одбраната на територија е главно од страна на мажјаците, кој ги одбива натрапниците од двата пола. Тој испушта тревожен повик, ги шири неговите крилја, ја крева опашката и се поклонува со главата за да се види црната капа. Ако натрапникот е упорен, мажјакот престанува со повиците и започнува тепачка со клунот додека натрапникот не се предаде со подигање на главата, изложувајќи го вратот. За разлика од агресијата што ја покажуваат кон возрасните птици, овие рибарки се толерантни кон пилињата (додека во колонија на галеби тие би биле нападнати и изедени).

Размножување[уреди]

Паровите се создаваат или се потврдуваат преку летечко додворување, во кое и мажјакот и женката летаат во диви кругови на висина над 200 метри, огласувајќи се постојано додека двете птици не се спуштат заедно во цик-цак лет. Ако мажјакот носи риба, може да го привлече вниманието на другите мажјаци премногу. На земја, мажјакот ѝ се додворува на женката кружејќи околу неа со исправени опашка и врат, спуштена глава, и крилја делумно подотворени. Ако одговори на додворувањето, тие двајцата може да ја заземат позата со кренати глави нагоре. Мажјакот може да ја закачка женката со риба, но не ѝ ја дава додека таа доволно не се заинтересира за него.[23] Кога додворувањето ќе заврши, мажјакот прави плитка дупка во песокта, а женката го гребе истото место. Тоа може да се случи неколкупати додека парот не го одбере вистинското место за гнездење.[23] Јајцата може да се снесат на песок, чакал или земја, но се заградуваат со вегетација, со морски треви или школи.

Лебдење и врескање за да ги одврати натрапниците

Рибарките се експерти за лоцирање на своето гнездо во големата колонија. Истражувањата покажале дека тие можат да си ги пронајдат јајцата дури ако се закопани, ако материјалот од гнездото е тргнат и преку има песок. Ќе го пронајдат гнездото и кога е поместено до 5 метри од оригиналното место, па и повеќе, ако тргањето се одвива постепено. Ова се случува зашто рибарките се прилагодуваат кон нестабилната средина со ветер и прилив на вода.[24]

Леглото обично има 3 јајца, кремави, песок боја, или светло кафеави со црни, кафеави или сиви линии, дамки и точки, што помага во камуфлажата. Ги квачат обата родитела, но повеќе женката во период од 21-22 дена, или повеќе ако има чести вознемирувања на колонијата што ќе ги натера родителите да остават јајцата. Освен ако не ѝ се случи некоја катастрофа на колонијата, 90% од јајцата се испилуваат. Како и другите рибарки, и овој вид остро го брани гнездото и младенчињата, и ќе им се спротивстави на луѓе, кучиња и повеќето дневни птици, но ретко го удира напаѓачот, избегнувајќи го тоа во последен момент.


Исхрана[уреди]

Летајќи во потрага по риба, со главата и клунот насочени надолу

Како и другите рибарки, и речната се храни со риби по кои нурнува од височина од 1 до 6 метри, во солена или слатка вода. Нуркаат не повеќе од 50 см под површината.[25] Кога е во потрага по риба, оваа птица лета со главата надолу и клунот свртен речиси вертикално.[24] Таа може да кружи или плови пред нурнувањето, а потоа директно да се фрли во водата. Во потрага по риба се оддалечува 5-10 км од колонијата, понекогаш и до 15 км.[26]


Возрасен носи песочна јагула на младенче

Освен со риби, овие птици се хранат со без'рбетници, во кои се вклучени разни црви, пијавици, потоа мекотелите, како што се малите лигњи и ракови, а во слатководните области, големите инсекти кои ги лови или во воздух или од површината на водата. Рибарките обично пијат во лет, земајќи морска или слатка вода.


Статус[уреди]

Темноклун азиски подвид S. h. longipennis во Австралија

Речната рибарка е класифицирана како вид со најмала загриженост.[1] Има голема популација од 1.600.000 до 4.600.000 возрасни индивидуи и огромна распространетост од околу 29.200.000 км².

Во 19 век, употребата на пердувите на рибарките за производство на капи можеби била главната причина за намалување на нивниот број. Понекогаш, целата птица, наполнета, се употребувала како капа. Но, во 20 век, бројот на птиците се зголемил, особено по работата на организациите за заштита на птиците.[27]

На речната рибарка се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици преселници.[28][29]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Sterna hirundo. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003270. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Gill, F; Donsker D (eds). „IOC World Bird Names (v 2.11)“. International Ornithologists' Union. http://www.worldbirdnames.org/n-shorebirds.html.  Retrieved 28 February 2012
  3. 3,0 3,1 Snow & Perrin (1998) p. 764.
  4. (латински) Linnaeus, Carolus (1758). „Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata.“. Holmiae. (Laurentii Salvii). стр. 137. 
  5. Hume (1993) pp. 88–89.
  6. Sterna hirundo Linnaeus (1758)“. Integrated Taxonomic Information System (ITIS). http://www.itis.gov/servlet/SingleRpt/SingleRpt?search_topic=TSN&search_value=176888.  Retrieved 23 January 2012.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 7,7 Olsen & Larsson (1995) pp. 77–89.
  8. 8,0 8,1 Brazil (2008) p. 220.
  9. Hume (1993) pp. 21–29.
  10. Alerstam, T (1985). „Strategies of migratory flight, illustrated by Arctic and Common Terns, Sterna paradisaea and Sterna hirundo“. „Contributions to Marine Science“ 27 (supplement on migration: mechanisms and adaptive significance): 580–603. 
  11. 11,0 11,1 Hume (1993) pp. 68–75.
  12. 12,0 12,1 Harrison (1998) pp. 370–374.
  13. Cuthbert (2003) p. 4.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 Snow & Perrin (1998) pp. 779–782.
  15. „BirdLife International Species factsheet: Sterna hirundo, additional information“. BirdLife International. http://www.birdlife.org/datazone/speciesfactsheet.php?id=3270&m=1. конс. 26 јануари 2012. 
  16. Simpson & Day (2010) p. 110.
  17. DiCostanzo, Joseph (1978). „Occurrences of the Common Tern in the interior of South America“. „Bird-Banding“ 49 (3): 248–251. doi:10.2307/4512366. 
  18. Hume (1993) pp. 30–37.
  19. de Wolf, P. "BioIndicators and the Quality of the Wadden Sea" in Best & Haeck (1984) p. 362.
  20. 20,0 20,1 Hume (1993) pp. 86–90.
  21. Safina, Carl; Burger, Joanna (1988). „Prey dynamics and the breeding phenology of Common Terns (Sterna hirundo)“. „Auk“ 105: 720–726. http://sora.unm.edu/sites/default/files/journals/auk/v105n04/p0720-p0726.pdf. 
  22. Gonzalez-Solis, J; Becker, P H; Wendeln, H (1999). „Divorce and asynchronous arrival in Common Terns (Sterna hirundo)“. „Animal Behaviour“ 58 (5): 1123–1129. doi:10.1006/anbe.1999.1235. PMID 10564616. 
  23. 23,0 23,1 Hume (1993) pp. 91–99.
  24. 24,0 24,1 Fisher & Lockley (1989) pp. 252–260.
  25. Hume (1993) pp. 55–67.
  26. „BirdLife International Species factsheet: Sterna hirundo. BirdLife International. http://www.birdlife.org/datazone/speciesfactsheet.php?id=3270. конс. 23 јануари 2012. 
  27. „Common Tern Sterna hirundo. „Latest population trends“. Joint Nature Conservation Committee, (JNCC). http://jncc.defra.gov.uk/page-2895.  Retrieved 25 January 2012.
  28. „Annex 2: Waterbird species to which the Agreement applies“. „Agreement on the conservation of African-Eurasian migratory Waterbirds (AEWA)“. UNEP/ AEWA Secretariat. http://www.unep-aewa.org/documents/agreement_text/eng/pdf/aewa_agreement_text_annex2.pdf. конс. 25 јануари 2012. 
  29. „List of Migratory Birds“. „Birds protected by the Migratory Bird Treaty Act“. US Fish and Wildlife Service. http://www.fws.gov/migratorybirds/RegulationsPolicies/mbta/mbtandx.html.  Retrieved 25 January 2012.
  • Beaman, Mark; Madge, Steve; Burn, Hilary; Zetterstrom, Dan (1998). „The Handbook of Bird Identification: For Europe and the Western Palearctic“. London: Christopher Helm. ISBN 0-7136-3960-1. 
  • Bent, Arthur Cleveland (1921). „Life Histories of North American Gulls and Terns: Order Longipennes“. Washington, DC: Government Printing Office. 
  • Best, E P H; Haeck, J (1984). „Ecological Indicators for the Assessment of the Quality of Air, Water, Soil and Ecosystems: Symposium Papers ("Environmental Monitoring & Assessment")“. Dordrecht: D Reidel. ISBN 90-277-1708-7. 
  • Blomdahl, Anders; Breife, Bertil; Holmstrom, Niklas (2007). „Flight Identification of European Seabirds“. London: Christopher Helm. ISBN 0-7136-8616-2. 
  • Brazil, Mark (2008). „Birds of East Asia“. London: Christopher Helm. ISBN 0-7136-7040-1. 
  • Cocker, Mark; Mabey, Richard (2005). „Birds Britannica“. London: Chatto & Windus. ISBN 0-7011-6907-9. 
  • Cuthbert, Francesca J; Wires, Linda R; Timmerman, Kristina (2003). „Status Assessment and Conservation Recommendations for the Common Tern (Sterna hirundo) in the Great Lakes Region“. U S Department of the Interior, Fish and Wildlife Service, Fort Snelling, Minnesota. http://www.fws.gov/midwest/eco_serv/soc/birds/pdf/cote-sa03.pdf. 
  • van Duivendijk, Nils (2011). „Advanced Bird ID Handbook: The Western Palearctic“. London: New Holland. ISBN 1-78009-022-6. 
  • Enticott, Jim; Tipling, David (2002). „Seabirds of the World“. London: New Holland Publishers. ISBN 1-84330-327-2. 
  • Fisher, James; Lockley, R M (1989). „Sea‑Birds (Collins New Naturalist series)“. London: Bloomsbury Books. ISBN 1-870630-88-2. 
  • Grimmett, Richard; Inskipp, Carol; Inskipp, Tim (2002). „Pocket Guide to Birds of the Indian Subcontinent“. London: Christopher Helm. ISBN 0-7136-6304-9. 
  • Harrison, Peter (1988). „Seabirds“. London: Christopher Helm. ISBN 0-7470-1410-8. 
  • Hilty, Steven L (2002). „Birds of Venezuela“. London: Christopher Helm. ISBN 0-7136-6418-5. 
  • Hume, Rob (1993). „The Common Tern“. London: Hamlyn. ISBN 0-540-01266-1. 
  • Hume, Rob; Pearson, Bruce (1993). „Seabirds“. London: Hamlyn. ISBN 0-600-57951-4. 
  • Karleskint, George; Turner, Richard; Small, James (2009). „Introduction to Marine Biology“. Florence, Kentucky: Brooks/Cole. ISBN 0-495-56197-5. 
  • Lima, Pedro (2006) (на Portuguese and English). „Aves do litoral norte da Bahia“. Bahia: Atualidades Ornitológicas. http://www.ao.com.br/download/lnbahia.pdf. 
  • Linnaeus, C (1758) (на Latin). „Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata“. Stockholm: Laurentii Salvii. 
  • Lloyd, Clare; Tasker, Mark L; Partridge, Ken (2010). „The Status of Seabirds in Britain and Ireland“. London: Poyser. ISBN 1-4081-3800-X. 
  • Lythgoe, J N (1979). „The Ecology of Vision“. Oxford: Clarendon Press. ISBN 0-19-854529-0. 
  • Newton, Ian (2010). „Bird Migration“. London: Collins. ISBN 0-00-730731-4. 
  • Olsen, Klaus Malling; Larsson, Hans (1995). „Terns of Europe and North America“. London: Christopher Helm. ISBN 0-7136-4056-1. 
  • Raffaele, Herbert A; Raffaele, Janis I; Wiley, James; Garrido, Orlando H; Keith, Allan R (2003). „Field Guide to the Birds of the West Indies“. London: Christopher Helm. ISBN 0-7136-5419-8. 
  • Rasmussen, Pamela C; Anderton, John C (2005). „Birds of South Asia. The Ripley Guide. Volume 2“. Washington DC and Barcelona: Smithsonian Institution and Lynx Edicions. ISBN 84-87334-67-9. 
  • Robertson, Hugh; Heather, Barrie (2005). „The Field Guide to the Birds of New Zealand“. Auckland: Penguin Group (NZ). ISBN 0-14-302040-4. 
  • Rothschild, Miriam; Clay, Theresa (1953). „Fleas, Flukes and Cuckoos. A Study of Bird Parasites“. London: Collins. 
  • Sandilands, Allan P (2005). „Birds of Ontario: Habitat Requirements, Limiting Factors, and Status Nonpasserines, Waterfowl Through Cranes: 1“. Vancouver: University of British Columbia Press. ISBN 0-7748-1066-1. 
  • Schulenberg, Thomas S; Stotz, Douglas F; Lane, Daniel F; O'Neill, John P; Parker, Theodore A (2010). „Birds of Peru“. Princeton, New Jersey: Princeton University Press. ISBN 0-691-13023-X. 
  • Simpson, Ken; Day, Nicolas (2010). „Field Guide to the Birds of Australia“ (8th издание). Camberwell, Victoria: Penguin Books. ISBN 0-670-07231-1. 
  • Sinclair, Ian; Hockey, Phil; Tarboton, Warwick (2002). „SASOL Birds of Southern Africa“. Cape Town: Struik. ISBN 1-86872-721-1. 
  • Sinclair, Sandra (1985). „How Animals See: Other Visions of Our World“. Beckenham, Kent: Croom Helm. ISBN 0-7099-3336-3. 
  • Snow, David; Perrins, Christopher M (editors) (1998). „The Birds of the Western Palearctic (BWP) concise edition (2 volumes)“. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-854099-X. 
  • Stephens, David W; Brown, Joel Steven; Ydenberg, Ronald C (2007). „Foraging: Behavior and Ecology“. Chicago: University of Chicago Press. ISBN 0-226-77264-0. 
  • Vinicombe, Keith; Tucker, Laurel; Harris, Alan (1990). „The Macmillan Field Guide to Bird Identification“. London: Macmillan. ISBN 0-333-42773-4. 
  • Wassink, Jan L; Ort, Kathleen (1995). „Birds of the Pacific Northwest Mountains: The Cascade Range, the Olympic Mountains, Vancouver Island, and the Coast Mountains“. Missoula, Montana: Mountain Press. ISBN 0-87842-308-7. 
  • Watling, Dick (2003). „A Guide to the Birds of Fiji and Western Polynesia“. Suva, Fiji: Environmental Consultants. ISBN 982-9030-04-0. 
  • Zeigler, Harris Philip; Bischof, Hans-Joachim (1993). „Vision, Brain, and Behavior in Birds: A Comparative Review“. Cambridge, Massachusetts: MIT Press. ISBN 0-262-24036-X. 
  • Zimmerman, Dale A; Pearson, David J; Turner, Donald A (2010). „Birds of Kenya and Northern Tanzania“. London: Christopher Helm. ISBN 0-7136-7550-0. 

Надворешни врски[уреди]