Жолта тресиопашка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жолта тресиопашка
Yellow wagtail.jpg
Возрасен мажјак со сина глава (M. f. flava)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Тресиопашки
Род: Motacilla
Вид: Жолта тресиопашка
Биномен назив
Motacilla flava
Linnaeus, 1758
Подвидови

Околу 15-20, но види во текстот

Синоними

Motacilla tschutschensis (но види во текстот)

Жолта тресиопашка или говедарка (науч. Motacilla flava) — мала врапчевидна птица од семејството на тресиопашките Motacillidae.

Овој вид го има низ цела умерена Европа и Азија, вклучувајќи ја и Македонија. Постојан жител е во потоплите краишта, како во западна Европа, но посеверните и поисточните популации се птици преселници кои зимуваат во Африка и јужна Азија.

Таа е тенка, вита птица, која е долга 15-16 см, со карактеристична долга опашка што постојано се тресе. Овој вид има најмала опашка од европските тресиопашки. Возрасниот мажјак во сезоната на парење е маслинастозелен одозгора и жолт одоздола. Во останатото перје жолтото може да биде заменето со бело. Главата на мажјакот има разни варијанти на обоеност и декорација, зависно од подвидот.

Повикот е карактеристично, високо чиит.[2]

Ова е инсектојадна птица која живее во отворени предели, близу вода, како на пример, влажни ливади. Гнезди во грмушки и несе 4-8 дамчести јајца.

Систематизација[уреди | уреди извор]

Систематизацијата и филогенијата на овој вид е многу конфузна. Буквално десетици подвидови се опишани со текот на времето, но моментално се распознаваат 15-20.

Обоеноста се однесува на мажјаците, освен ако не е поинаку нагласено.

Возрасен мажјак M. f. flavissima
Возрасен, веројатно женка M. f. thunbergi или plexa
Возрасен мажјак M. f. beema
Возрасна женка M. f. melanogrisea
Младенче M. f. flava
Cuculus canorus canorus + Motacilla flava
  • M. f. flava Linnaeus, 1758
Синосива глава со бела линија над окото и на образот кај мажјаците, а женките се бледо кафеавозелени.
Распространетост: јужна Скандинавија до Франција и средноевропските планини до Урал. Зимува во субсахарна Африка.
  • M. f. flavissima Blyth, 1834
Жолтозелена глава со посветла жолта линија над окото. Женките се значително посветли одоздола од мажјаците.
Распространетост: Велика Британија. Зимува: Африка.
  • M. f. thunbergi Billberg, 1828
Темносива глава што достига до образите, без бело кај мажјаците; посветлозеленкаво кај женките со светла линија над очите.
Распространетост: Централна и северна Скандинавија до северозападен Сибир. Зимува во источна Африка, Индија и југоисточна Азија.
  • M. f. iberiae Hartert, 1921
Сличен на flava, но грлото е бело и темносиво, речиси црно зад очите.
Распространетост: југоисточна Франција, Пиринејски Полуостров, до Тунис. Зимува: Гамбија до Централноафриканска Република.
  • M. f. cinereocapilla Savi, 1831
Како iberiae но без линија над окото или незабележлива.
Распространетост: сицилија, Сардинија, Италија, Словенија. Зимува: на брегот од Тунис и Алжир, Мали до езерото Чад.
  • M. f. pygmaea (A. E. Brehm, 1854)
Слично на cinereocapilla, помало, со помалку светли делови.
Делтата на Нил и долен Нил, постојан жител.
  • M. f. feldegg Michahelles, 1830
Како thunbergi но со црна капа кај мажјаците, бело грло и многу светложолти одоздола, а женките се како посветла варијанта на thunbergi.
Распространетост: источен Балкански Полуостров до Касписко Море, јужно до Турција, Иран и Авганистан; зимува: централна Африка, од Нигерија до Уганда и во јужен Судан.
  • M. f. lutea (S. G. Gmelin, 1774)
Жолта глава со зелен врат кај мажјаците, а женките како поживи flava женки.
Распространетост: долна Волга до реката Иртиш и Зајсанско Езеро. Зимува: Африка и Индија.
  • M. f. beema (Sykes, 1832)
Како flava но главата е посветлозелена, ушите белкави, а половите се слични.
Распространетост: северно од опсегот на lutea. Зимува: Индија, источна Африка и Арабија.
  • M. f. melanogrisea (Homeyer, 1878)
слична на feldegg, понекогаш со зелен врат.
Распространетост: делтата на Волга, околу Касписко Море и до северен Авганистан. Зимува: Пакистан, северозападна Индија до западен Непал, веројатно и во северозападна Африка.
  • M. f. plexa (Thayer & Bangs, 1914)
Мажјаците како thunbergi но ушите им се потемни, врвот на главата посветол, рудиментитана линија над окото. Женките се како мажјаците, ама посветли.
Распространетост: Сибир, меѓу реките Катанга и Колима. Зимува: Индија и југоисточна Азија.
  • M. f. leucocephala (Przevalski, 1887)
Мажјаците како flava, но сивото на главата е многу светло, речиси бело. Женките се како flava женки, но главата им е малку потемна.
Распространетост: северозападна Монголија и до границата со Кина и Русија. Зимува веројатно во Индија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Motacilla flava. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Wiles et al. (2000)
  • Tyler, Stephanie J. (2004): 60. Yellow Wagtail. In: del Hoyo, Josep; Elliott, Andrew & Christie, D. (eds.): Handbook of Birds of the World (Vol. 9: Cotingas to Pipits and Wagtails): 781-782, plate 77. Lynx Edicions, Barcelona. ISBN 84-87334-69-5. Plate 77 image[мртва врска] (all birds except the 4 grey/black-backed ones at lower left are M. flava)
  • Voelker, Gary (2002): Systematics and historical biogeography of wagtails: Dispersal versus vicariance revisited. Condor 104(4): 725–739. [English with Spanish abstract] DOI: 10.1650/0010-5422(2002)104[0725:SAHBOW]2.0.CO;2 HTML abstract


Надворешни врски[уреди | уреди извор]