Мустаклеста сипка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мустаклеста сипка
Panurus biarmicus 2 (Martin Mecnarowski).jpg
Возрасен мажјак
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Мустаклести сипки ?
Род: Мустаклести сипки
Koch, 1816
Вид: Мустаклеста сипка
Биномен назив
Panurus biarmicus
(Linnaeus, 1758)

Мустаклестата сипка (науч. Panurus biarmicus) е мала врапчевидна птица со силно изразен полов диморфизам. Иако, во македонскиот јазик името ѝ е сипка, таа не спаѓа во фамилијата на сипките (Paridae), туку во блиската фамилија Panuridae. Оваа птица ја има во Македонија.

Таксономија[уреди | уреди извор]

Отпрво, мустаклестата сипка била сместена во фамилијата на вистинските сипки (Paridae), па префрлена во папагалестите (Paradoxornithidae). Но, по неодамнешни истражувања, се дошло до заклучок дека е единствен вид, неповрзан со други и затоа е сместена во монотипичната фамилија на мустаклести сипки Panuridae.

Распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Мустаклестата сипка е широко распространета во умерена Европа и Азија. Таа е постојан жител, и повеќето птици не мигрираат, освен поради нагли временски промени или многу студено време. Таа е подложна на тешки зими, кои можат да убијат многу птици.

Опис[уреди | уреди извор]

Оваа птица е мала, портокаловокафеава по боја со долга опашка и брановиден лет. Долги се околу 15 см. Мажјакот има синосива глава и црни долги „мустаќи“ (не и брада). Женката нема мустаќи и главата ѝ е кафеава. Јатото често го предава своето присуство во грмушките со карактеристичното ѕвонливо пинг огласување.

Живеалиште и исхрана[уреди | уреди извор]

Мустаклестата сипка живее во влажни предели, во колонии крај езера со трска. Лете се храни со инсекти и пајаци, а зимно време се прилагодува во исхраната и јаде со семе од трска.[2]

Размножување[уреди | уреди извор]

Обично, мустеклестите сипки гнездат во колонии, поточно, во двојки, но близу едни до други. Гнездото е лоцирано ниско во трската и е во облик на чашка. Несат 5-7 јајца кои ги квачат околу 12 дена и двата родитела. Грижата за потомството во гнездото продолжува 9-12 дена. За една година може да се одгледуваат две легла.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). "Panurus biarmicus". Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 16 July 2012.  (англиски)
  2. Robson, Craig (2007). „Family Paradoxornithidae (Parrotbill)“. del Hoyo, Josep; Elliott, Andrew; Christie, David. Handbook of the Birds of the World. Volume 12: Picathartes to Tits and Chickadees. Barcelona: Lynx Edicions. стр. 292–320. ISBN 978-84-96553-42-2. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]