Пајаци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пајаци
Различни видови пајаци
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Потколено: Клештари
Класа: Пајаковидни
Ред: Araneae
Клерк, 1757
Подредови

Mesothelae
Mygalomorphae
Araneomorphae

Пајаците се осумножни членконоги кои припаѓаат на редот Araneae. Иако многу често се мешаат со инсектите (како што е и со скорпиите), тие сепак не се инсекти, а не се ни членови на истиот поттип во кој се класифицирани инсектите. Науката што се занимава со проучување на овие животни се нарекува арахнологија. Пајаците ги населуваат сите континенти, со исклучок на Антарктикот, но најголем број се среќаваат во тропските и суптропските области.[1]

Фосилните остатоци на најстарите откриени пајаци датираат од пред 400 милиони години.[1] Заклучно со мај 2021 година биле познати околу 49.800 видови на пајаци и околу 129 фамилии,[2] но постои голема забуна во научната заедница околу тоа како овие фамилии би требало да се систематизираат, за што сведочат преку дваесетте класификациски системи кои се предложени од 1990 година до денес.

Бразилскиот пајак - скитник е најотровниот пајак во светот. Е застапен во тропските шуми на Амазонија , но е застапен во градовите на Бразил и слично . Овај пајак често се случува да влезе во обувките , креветите или домовите на луѓето и да предизвика човечки жртви . Има сивкаста боја и има тенки нозе.

Сиднејски пајак е еден од најотровните пајаци во светот којшто е застапен во тропските шуми во Австралија. Има многу остри заби , па така што е докажано дека може да пробие нокт од човечки прст со длабочина од 5 до 10 милиметри. Сиднејскиот пајак создава над 10 милиони различни биоактивни пептиди.

Тарантулата е вид на опасни и отровни пајаци. Има 900 видови на тарантули. Тарантулите се застапени низ цела Африка, Австралија, Јужна Америка и делови од Шпанија, Португалија и Турција. Колку повеќе влакненца на кожата имаат тарантулите толку повеќе содржат големо количество на отров, а колку помалку имаат бели влакненца не содржат толку многу количество на отров и не се опасни. Познат вид на отровна и опасна тарантула е мексиканската црвена тарантула.

Морфологија[уреди | уреди извор]

За разлика од инсектите, пајаците имаат само два телесни сегменти (тагми) наместо три. Тие се главоград (цефалоторакс или прозом = споен главен и граден сегмент) и абдомен (опистозом). Исклучок од ваквата градба прават пајаците-убијци, чиј главоград се чини дека е поделен на две независни дела. Освен неколку видови на примитивни пајаци (од фамилијата Liphistidae), абдоменот кај овие животни не е надворешно сегментиран. Абдоменот и главоградот се поврзани со тенка мембрана означена како педицел или предгенитален сомит, структура која му овозможува на пајакот да го движи својот абдомен во сите насоки. Педицелот е всушност последниот сегмент (сомит) од главоградот и тој отсуствува речиси кај сите останати членови на Arachnida (пајаковидните членконоги) - кај скорпиите тој се забележува само во ембрионалниот развиток. Пајаците растат така што се преслекуваат неколкупати во текот на годината. Инаку, пајаците се со различни димензии, а најголемито пајак е „Голијатскиот јадач на птици“ (Theraphosa blondi).[1]

Морфологија на пајак:
(1) четири пара на екстремитети за движење
(2) главоград
(3) опистозом
Главните очели (централниот пар) кај овој скокачки пајак се многу прецизни. Надворешниот пар се ,,секундарните очи‘‘, а постојат и други парови на секундарни очи на страните и врвот на главата.[3]

За разлика од инсектите, кои имаат шест нозе, пајаците имаат осум нозе. Првиот пар на изменети екстремитети хелицери завршуваат со клешти што најчесто имаат отровни жлезди, а по нив следуваат педипалпите кои имаат улога во внесувањето на храната во усниот отвор. Останатите четири пара на вистински екстремитети служат за движење. На нив се наоѓаат и најразлични сетилни влакна со кои пајакот ја осознава средината (за разлика од инсектите, кои имаат сетилни структури на антените, кои отсуствуваат кај пајаците). Најостровен пајак на светот е Latrodectus mactans. Од сите видови пајаци, само околу 20-30 видови се опасни за човекот.[1]

Пајаците може да поседуваат шест или осум очи (односно очели), при што распоредот на очите се користи при детерминацијата. Но, иако поседуваат очи, видот е слаб кај повеќето видови и најчесто се користи за детекција на движење. Скокачките и пајаците-волци кои го ловат својот плен имаат подобро развиен вид. Очите на пајаците не се сложени како оние на инсектите, туку се прости и обично поредени во два реда. Многу пајаци (освен скокачките и волк-пајаците) го фаќаат својот плен во мрежи од пајажина. Таа исто така може да се користи при детерминацијата на фамилијата или родот. Свилата од пајажината се лачи од посебни структури пајажинести жлезди со изводни каналчиња кои завршуваат со пајажинести брадавици. Последниве се наоѓаат на постериорниот долен дел на опистозомот (бројот им варира во зависност од видот, но најчесто се три пара). Пајаците не се залепуваат за пајажината бидејќи тие или стојат на нелеплив дел или, пак, секретираат специјално масло на нивните ,,стапала”. Свилата е течност која се стврднува при контакт со воздухот. Таа излегува во вид на многу тенки конци кои се здружуваат и формираат многу посилен конец. Свилата исто така се користи од страна на женките за да се изградат јајцеви торбички (кокони) каде младите остануваат и до неколку недели. Волк-пајаците ги носат јајцевите торбички кои се прикачени за пајажинотворните структури. Многу пајаци поседуваат т.н. листести бели дробови. Тие претставуваат листови од ткиво кои се полни со течност и разделени меѓусебно со воздушен простор. Повеќето видови имаат еден пар од овие респираторни органи.

Секоја зрела женка има пар на торбички за складирање на сперматозоиди кои се наречени спермотеки (т.е. семеприемници). Тие отпаѓаат со секое преслекување, така што женскиот пајак мора да се спари по секое преслекување (екдиза). Палпите на машките единки се изменети за трансфер на сперма во женскиот епигин (генитален отвор или гонопора), кој се наоѓа на дорзалната страна од опистозомот. Епигинот на женката, како и копулирачките палпи на мажјакот можат да се видат само кај зрелите возрасни единки. Женките обично се поголеми од мажјаците.

Систематика[уреди | уреди извор]

Млади од видот Gasteracantha mammosa сместени до нивната јајцева капсула.

Постојат околу осум поголеми фамилии на пајаци. Фамилијата Aglenidae вклучува големи пајаци кои често можат да се најдат во подрумите. Најпознат претставник од оваа фамилија е Tegenaria sp. Екстремитетите на овој вид може да се долги и преку 10 cm, иако најчесто машките единки се тие кои имаат толку долги нозе. Видовите од родот Tegenaria се оние големи влакнести пајаци кои ги наоѓаме во нашите домови наесен. Притоа обично ние ги забележуваме машките единки, бидејќи женките претендираат да останат во нивните мрежи од пајажина. Машките единки се многу слични на женските, но се неколку mm помали, имаат потенок абдомен, подолги нозе и обично имаат подебели палпи во периодот кога се во потрага по женка. По завршеното спарување, мажјакот ќе живее уште некое време покрај женката, но ќе изумре пред зимата, така што женката е снабдена со храна за време на студениот период.

Фамилијата Araneidae брои 4000 видови. Тука се групирани пајаците кои плетат кружни пајажини. Претставниците имаат 8 очи. При барањето на партнер за парење, мажјакот доаѓа до пајажината на женката и ги раскинува нишките од истата, со што и дава до знаење на женката дека тој не е нејзиниот следен оброк, како и да му обрне внимание. Најпознат претставник е видот Aranea diadema (градинарски пајак, пајак крстач или дијадемски пајак). Најчесто е многу лесно да се препознае поради големиот бел крст на абдоменот. Женката положува жолти кокони кои содржат 400 до 800 јајце-клетки, и тоа најчесто во затскриени места. Младите излегуваат со затоплувањето на времето напролет. Тие најпрво се собираат во една неодредена топка која при допир се растура, односно младите пајаци се разбегуваат во различни насоки.

Фамилијата Theridiidae е составена од едни од најотровните пајаци, како што е на пример Latrodectus mactans (црна вдовица). Оваа фамилија е попозната како фамилија на чешлостапалести пајаци.

Пајакот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 НУ Природонаучен музеј на Македонија - Скопје, Изложба: Чудесниот свет на пајаците, 21 септември - 22 ноември 2015. Скопје: 2015.
  2. „Currently valid spider genera and species“. World Spider Catalog. Natural History Museum Bern. Посетено на 2019-07-17.
  3. Ruppert, E.E., Fox, R.S., and Barnes, R.D. (2004). Invertebrate Zoology (7. изд.). Brooks / Cole. стр. 578–580. ISBN 0030259827.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Марко Цепенков, Три вреќи лаги. Скопје: Мисла, 1967, стр. 91-93.
  5. Лилјана Узуновиќ, „Читателот во земјата на романите или за нишката на Шехерезада“, во: Итало Калвино, Ако една зимска ноќ некој патник. Скопје: Магор, 2012, стр. 226.
  6. D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 55.
  7. Елвин Б. Вајт, Пајажината на Климентина. Скопје: Просветно дело, 2004.
  8. Очудувања 3. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 19-20.
  9. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 105.
  10. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 225-227.
  11. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 328.
  12. Muddy Waters – The Anthology (пристапено на 1.4.2023)
  13. DISCOGS, Pauk (пристапено на 18.11.2021)
  14. DISCOGS, The Who ‎– A Quick One (пристапено на 25.3.2018)
  15. YouTube, Slint - Spiderland (1991) (Full album) (посетено на 24.12.2016)