Око
Око — името на органот за вид на повеќеклеточните животни. Еволутивно, првите „очи“ претставуваат во суштина молекулска агрегација на фоторецепторите во едноклеточните организми. Со усложнување на градбата на организмите, фоторецепторите се преместуваат на одредено и константно место во организмот, градејќи ги првите сетилни органи за вид. Кај примитивните животни, очите се клучни за брзи реакции во движењата, грабливоста или бегањето. Кај посложените животни, сетилото за вид е само едно од примачите на информации од надворешноста и овие информации се интегрираат во мозокот.
Еволуција на окото
[уреди | уреди извор]Кај еволутивно најпримитивните животни, сунѓери, не постојат очи како органи. Возрасните сунѓери се силни организми кои имаат филтрирачки начин на исхрана и во нивниот живот фоторецепцијата нема голема улога. Младите сунѓери и ларвите се подвижни организми и ним сетилото за вид им е повеќе потребно, иако сè до неодамна се сметало дека ни ларвите на сунѓерот немаат очи. Со експериментите на осветлување на ларвите, докажано е нејзиното бегање од осветлувањето (тоа понатаму водело до откривање на фоторецепторите групирани на едниот крај на ларвата, опколени со трепките кои ја раздвижуваат ларвата). Кај останатите без‘рбетници, очите по правило се развиени. Исклучок прават паразитски облици или организми во најголемите морски длабочини, но повеќето животни за кои би се рекло дека немаат очи, тие ги имаат. Така, очи постојат кај инсектите, раковите, пајакот, но и кај медузите, планаријата и школките.
Постојат разлики меѓу очите на одделни групи животни. Во прв ред, очите можат да бидат прости, односно изградени од една фоторецепторна клетка опкружена со потпорни клетки или сложени, кога има систем од повеќе рецепторни клетки кои се интегрираат во процесот на примање на дразби. Повеќето прости очи служат само за детектирање на светлина, но кај некои организми (пајаци и некои гасеници) овие очи создаваат и слики. Сложените очи се едни од важните одлики, изградени од многу фацети (мало просто око), по кои се одликуваат инсектите. Иако често се смета дека секоја фацета создава сопствена слика и дека инсектите гледаат умножено, оваа ситуација е ретка — најчесто е во прашање добра координација на фацетата која овозможува создавање на слика од голем агол на гледање и голема резолуција во мозокот. Фоторецепцијата има голема и важна улога во секојдневието кај животните. Кај животните кои зависат од сетилото за вид во потрагата по храна, очите се добро развиени. Најразвиени се очите кои ги поседуваат главонозите и ‘рбетниците. Во овие две групи на животни, очите низ различни еволутивни патеки доаѓаат на исто решение на градба и функционирање на органите за вид.
Очи на ‘рбетниците
[уреди | уреди извор]Очите на ‘рбетниците можат да бидат:
- Непарни, кои ги имаат мал број ‘рбетници во вид на темено (круглоусти, некои риби и гуштери) и пинеално око (кај круглоусти, а кај останатите ‘рбетници тоа еволуирало во епифиза)
- Парни, кај најголемиот број ‘рбетници, вклучувајќи го и човекот.
Парните очи се изградени од типот на затворен очен меур (очно јаболко). Очното јаболко е обвиткано со три слоја:
- Белка — надворешна обвивка што на предниот дел образува проѕирна рожница
- Садовница — богата со крвни садови; на предниот дел образува должница, која на средината има отвор наречен зеница; зад должницата лежи очното сочиво
- Мрежница — внатрешна обвивка; таа е најсложен дел на окото и во неа се наоѓаат сетилните клетки односно фоторецепторите:
- Стапчиња — одговорни за разликување на светлина и темнина; кај цицачите тие се побројни од чунчињата
- Чунчиња — одговорни се за воочување на бои и детални предмети; најмногу ги има во средината на мрежницата (на линијата која поминува низ центарот на окото), на местото што се нарекува жолта дамка — место на најостриот вид.
Функција на очите
[уреди | уреди извор]Главната функција и намена на очите во човечкиот организам и воопшто кај ’рбетниците е прием на дразбите на светлината, нивно проследување и обработка до мозокот, по што се создава слика. Односно, преку функционирањето на оптичкиот пат на приемот на дразбите на светлината, очите служат како рецептори и органи на сетилото за вид. Во очите се содржат фоторецепторите коишто се вид на невроцит кои се способни светлинската дразба да ја претвораат во дејствен потенцијал. Поконкретно, фоторецепторот апсорбира фотони кои предизвикуваат промена во мембранскиот потенцијал во акциски кај невронот. Оваа нервна информација евентуално ќе биде искористена од визуелниот систем во черепниот мозок за да формира слика на визуелниот свет.
Очите како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Очите (најчесто, очите на некоја девојка или жена) се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.
Очите како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Травник запален со очи“ (српски: Травник запаљен очима) - српска народна песна.[1]
- „Очите соколови и ѓаволски“ (српски: Очи соколове и ђаволове) - српска народна песна.[2]
- „Очите на сиромавиот“ - песна во проза на францускиот поет Шарл Бодлер.[3]
- „Населени очи“ (српски: Настањене очи) — стихозбирка на српскиот поет Оскар Давичо од 1955 година.[4]
- „Очи“ - песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[5]
- „Очите нејзини“ - песна на Мак Диздар.[6]
- „Очи“ - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[7]
- „Очите на непријателот“ (италијански: Occhi nemici) - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[8]
- „Видело“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1988 година.[9]
- „Твоите очи без сновидение“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[10]
- „Очите на синото куче“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес од 1950 година.[11]
- „Очи за око“ - кус расказ на македонскиот писател Дејан Мирчески од 2012 година.[12]
- „Трепка во око“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[13]
- „Урочливи очи“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[14]
- „Блескави очи“ - кус расказ на италијанскиот писател Еуџенио Монтале.[15]
- „Твоите очи“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[16]
- „Камено око“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[17]
- „Очите мамини“ — песна на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[18]
- „Око“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[19]
- „Има едни очи“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[20]
- „Очи“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[21][22]
- „Во очите на сињарките“ - песна на Ацо Шопов.[23]
Очите како тема во филмот
[уреди | уреди извор]- „Златно око“ (англиски: Golden Eye) - филм од 1995 година во режија на Мартин Кембел.[24]
- „Очи без лице“ (Les yeux sans visage) - француски филм на режисерот Жорж Франжу од 1960 година.[25]
- „Очи широко затворени“ (Eyes Wide Shut) - филм на режисерот Стенли Кјубрик од 1999 година.[26]
- „Затворени очи“ (Occhi Chiusi) - филм на режисерот Џузепе Петито од 2017 година.[27]
Очите како тема во музиката
[уреди | уреди извор]- „Твоите очи, Лено мори“ - македонска народна песна.[28]
- „Кој ти ги даде тие црни очи“ - македонска народна песна.[29]
- „Очите на Гари Гилмор“ (англиски: Gary Gilmore's eyes) - песна на британската панк-рок група The Adverts од 1977 година.[30]
- „Очи на задната страна од твојата глава“ (англиски: Eyes in the back of your head) - песна на британската панк-рок група The Adicts од 1982 година.[31]
- „Очи без лице“ (англиски: Eyes Without a Face) - песна на британскиот рок-пејач Били Ајдол од 1983 година.[32]
- „Празни очи“ (англиски: Hollow Eyes) — песна на американската хард-кор група 'Articles of Faith.[33]
- „Ѓаволски очи“ (англиски: Devil Eyes) - песна на американскиот рок-музичар Тим Бакли (Tim Buckley) од 1972 година.[34]
- „Удар во очите“ (англиски: Kick in the Eye) - песна на британската рок-група Баухаус од 1981 година.[35]
- „Замаглени очи“ (англиски: Foggy eyes) - песна на американската рок-група Beat Happening од 1985 година.[36]
- „Човекот со детето во неговите очи“ (англиски: The Man With The Child In His Eyes) - песна на англиската пејачка Кејт Буш (Kate Bush) од 1978 година.[37]
- „Светли сини очи“ (англиски: Pale Blue Eyes) - песна на американската рок-група Велвет Андерграунд (Velvet Underground) од 1969 година.[38]
- „Моите очи (ми прават неволји)“ (англиски: My Eyes (Keep Me In Trouble)) — песна на американскиот блуз-музичар Мади Вотерс (Muddy Waters).[39]
- „Во твоите очи“ (англиски: In Your Eyes) - песна на британскиот музичар Питер Гебриел (Peter Gabriel) од 1986 година.[40]
- „Роден кривоглед“ (англиски: Born Cross-Eyed) — песна на американската рок-група The Grateful Dead од 1968 година.[41]
- „Големи кафеави очи“ (англиски: Big Brown Eyes) — песна на американската поп-рок група The dB's од 1981 година.[42]
- „Поп-очи“ (англиски: Pop-Eyes) — музички албум на англиската музичарка Дениел Дакс (Danielle Dax)“ од 1983 година.[43]
- „Јас имам шарени очи“ (српски: Ја имам шарене очи) - песна на српската рок-група Дисциплина кичме од 1984 година.[44]
- „Очи со боја на мед“ (српски: Очи боје меда) - песна на српската и југословенска рок-група Екатарина Велика од 1985 година.[45]
- „Уморни очи“ (англиски: Tired Eyes) - песна на американскиот рок-музичар Нил Јанг (Neil Young) од 1975 година.[46]
- „Нејзините очи се многу милји“ (англиски: Her Eyes Are A Blue Million Miles) — песна на американската рок-група Captain Beefheart And The Magic Band од 1972 година.[47]
- „Вистински сини очи (Калипсо)“ (англиски: True blue eyes (Calypso)) - песна на Никола Коџабашија и групата Фолтин од 2011 година.[48]
- „Свита: Сините очи на Џуди“ (англиски: Suite: Judy Blue Eyes) - песна на американската фолк-рок група Crosby, Stills & Nash од 1969 година.[49]
- „Во моите очи“ (англиски: In my eyes) - песна на американската хард-кор група Minor Threat.[50]
- „20 очи“ (англиски: 20 Eyes) — песна на американската панк-рок група Мисфитс (The Misfits) од 1982 година.[51]
- „Виолетови очи“ (англиски: Violet Eyes) — песна на американската рок-група Мит папетс (Meat Puppets) од 1994 година.[52]
- „Пар кафеави очи“ (англиски: А Pair of Brown Eyes) - песна на ирската рок-група The Pogues од 1985 година.[53]
- „Далечни очи“ (англиски: Far Away Eyes) - песна на англиската рок-група Ролинг Стоунс (Rolling Stones) од 1978 година.[54]
- „Очи од спалната соба“ (англиски: Bedroom Eyes) - песна на австралиската поп-пејачка Кејт Себерано.[55]
- „Убавината лежи во очите“ (англиски: Beauty Lies In The Eye) - песна на американската рок-група Соник Јут (Sonic Youth) од 1987 година.[56]
- „Токиско око“ (англиски: Tokyo Eye) - песна на американската рок-група Соник Јут од 1994 година.[57]
- „Затвори ги очите“ (англиски: Close Your Eyes) - песна на американската рок-музичарка Кристин Херш (Kristin Hersh) од 1994 година.
- „Зад сините очи“ (англиски: Behind Blue Eyes) - песна на англиската рок-група Ху (The Who) од 1971 година.[58]
- „Зелени очи“ (англиски: Green Eyes) - песна на американската рок-група Hüsker Dü од 1985 година.[59]
- „Да се биде во твоите очи“ (англиски: To Be in Your Eyes) - песна на австралиската рок-група The Church од 1982 година.[60]
- „Комунистички очи“ (англиски: Communist eyes) - песна на американската хард-кор група The Germs.[61]
Пословици
[уреди | уреди извор]- Далеку од очите, далеку од срцето.
Изрази[62]
[уреди | уреди извор]- Око за око, заб за заб - одмазда за сторено злосторство со иста мера.
- Не сака ни очите да му ги види - нетрпеливост, отпор кон некого.
- Очите си ги вадат - непријателски се расположени еден кон друг.
- Очите си ги вадат - води љубов со некого.
- Око не затвори - воопшто не заспа.
- Фрли око (на некого/нешто) - сака нешто да добие; засака, бендиса.
- Око соколово - остар вид.
- На око - навидум.
- Со голо око - без користење помошни инструменти, направи.
- Гледа под око - тајно набљудува.
- Гледа/чува некого како очите во главата - грижливо се однесува кон некого.
- Трн во око (некому) - пречи (некому).
- Земе (некого) на око - постојано е против некого.
- Те/го... лажат очите - погрешно согледува, заклучува.
- Боде очи - отскокнува, се изделува.
- Му играат очите - итар, ѓаволест.
- Паѓа в очи - се наметнува, многу е воочлив.
- Не може да го погледне в очи - срам од некого поради погрешна постапка.
- Во четири очи - насамо, доверливо.
- Држи на око (некого) - следи некого.
- Во очи - директно.
- Прст пред око не се гледа - за многу темно.
- Прст пред око не се гледа - за густа магла.
- Жими / жити очи (клетва).
- Ми се плаши окото - вознемирен сум од нешто, претчувствувам опасност.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 43.
- ↑ Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 43-44.
- ↑ Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 79-81.
- ↑ „Оскар Давичо“, во: Оскар Давичо, Песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1958, стр. 236.
- ↑ Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 119.
- ↑ Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 51-52.
- ↑ Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 34-35.
- ↑ Italo Kalvino, Pre nego što kažeš „halo“. Beograd: Rad, 2001, стр. 37-40.
- ↑ Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 53.
- ↑ Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 38.
- ↑ Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015, стр. 67-73.
- ↑ Дејан Мирчески, Кристалните јами на пропаста, Темплум, Скопје, 2012.
- ↑ Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 49.
- ↑ Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 77.
- ↑ Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 37-42.
- ↑ Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 35.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 10.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 36.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 6.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 67.
- ↑ www.macedonium.org, Очи - Ацо Шопов (пристапено на 7.2.2016)
- ↑ Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 25-26.
- ↑ Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 127.
- ↑ „Бонд го спасува светот од катастрофа“, Антена, број 813, 24.1.2014, стр. 3.
- ↑ IMBD, Eyes Without a Face (1960) (пристапено на 7.2.2016)
- ↑ IMBD, Eyes Wide Shut (1999) (пристапено на 7.2.2016)
- ↑ IMBD, Occhi Chiusi (2017) (пристапено на 18.5.2017)
- ↑ Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 71.
- ↑ Macedonian Folklore Classics, Anka Gieva. Macedonian Radio and Television, MP 41048.
- ↑ YouTube, The Adverts - Gary Gilmore's eyes (1977) (пристапено на 30.12.2016)
- ↑ YouTube, Eyes in the Back of Your Head - The Adicts (пристапено на 28.12.2016)
- ↑ YouTube, Billy Idol - Eyes Without a Face (1960) (пристапено на 7.2.2016)
- ↑ DISCOGS, Articles Of Faith – Complete Vol. 1 1981-1983 (пристапено на 24.6.2021)
- ↑ DISCOGS, Tim Buckley – Greetings From L.A. (пристапено на 17.10.2018)
- ↑ YouTube, BAUHAUS ~ Kick in the Eye (пристапено на 18.2.2019)
- ↑ YouTube, beat happening - beat happening (full album) (пристапено на 23.8.2017)
- ↑ YouTube, Kate Bush - The Man With The Child In His Eyes (пристапено на 30.8.2017)
- ↑ YouTube, The Velvet Underground \ The Velvet Underground, 1969 (Full Album)(пристапено на 17.2.2018)
- ↑ Muddy Waters – The Anthology (пристапено на 1.4.2023)
- ↑ YouTube, In Your Eyes - Peter Gabriel (пристапено на 17.5.2017)
- ↑ DISCOGS, The Grateful Dead – Anthem Of The Sun (пристапено на 11.11.2022)
- ↑ DISCOGS, The dB's – Stands For Decibels (пристапено на 19.4.2024)
- ↑ Danielle Dax – Pop-Eyes (пристапено на 7.9.2021)
- ↑ YouTube, Disciplina Kičme Ja imam šarene oči 1984 (пристапено на 18.2.2019)
- ↑ YouTube, EKV - Oci boje meda (1985 Spot) (пристапено на 31.12.2016)
- ↑ Discogs, Neil Young – Tonight's The Night (пристапено на 28.2.2021)
- ↑ Discogs, Captain Beefheart And The Magic Band – Clear Spot (пристапено на 18.5.2022)
- ↑ Kodjabashia & Foltin feat. Goce Stevkovski, Penelope X, LTM 001, 2011.
- ↑ Crosby, Stills & Nash – Crosby, Stills & Nash (пристапено на 23.1.2018)
- ↑ YouTube, Minor Threat - In My Eyes (пристапено на 14.3.2017)
- ↑ Misfits – Walk Among Us (пристапено на 2.4.2023)
- ↑ Meat Puppets – Too High To Die (пристапено на 28.3.2023)
- ↑ YouTube, the Pogues - a Pair of Brown Eyes (пристапено на 22.8.2017)
- ↑ YouTube, Rolling Stones-Far Away Eyes (пристапено на 15.2.2019)
- ↑ YouTube, Kate Ceberano - Bedroom Eyes (with lyrics) - HD (пристапено на 29.9.2017)
- ↑ Discogs, The Sonic-Youth – Sister (пристапено на 18.7.2019)
- ↑ DISCOGS, Sonic Youth – Experimental Jet Set, Trash And No Star (пристапено на 20.7.2019)
- ↑ DISCOGS, The Who – Who's Next (пристапено на 28.3.2020)
- ↑ Discogs, Hüsker Dü – Flip Your Wig (пристапено на 1.7.2020)
- ↑ YouTube, The Church - The Blurred Crusade (1982) (Full Album) (пристапено на 15.10.2017)
- ↑ YouTube, The Germs - communist Eyes (пристапено на 17.3.2017)
- ↑ „око“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
|