Никола Коџабашија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Никола Коџабашија
Роден 6 јуни 1970
Скопје, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање композитор

Никола Коџабашија (роден на 6 јуни 1970 година во Скопје) — македонски композитор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Никола Коџабашија своето музичкото образование го започнал во МБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје, а го продолжил на Факултетот за музичка уметност во Скопје каде што дипломирал во 1994 година, пијано (класа Ј. Чакар) и композиција (класа Т. Зографски). За време на студиите од 1991 до 1996 го посетувал Бартоковиот летен Семинар во Сомбатхеј, Унгарија. Остварувал вонредни часови по композиција кај Ѓерѓ Куртаг, Марко Стропа, и лично се запознал и со Ѓерѓ Лигети и Џон Кејџ, а вонредни часови по пијано посетувал и кај Борис Романов и Кочиш Золтан.

Паралелно со ова, уште како студент работел како музички новинар и продуцент во Македонската радио-телевизија. Како стипендист на Романското министерство за образование од 1996 до 1998 г. бил на постдипломски студии по композиција на Музичката академија „Џорџ Енеску“ во Букурешт, Романија, во класата на Анатол Виеру. Непосредно потоа од 1998 до 2001 г. бил на магистерски студии по композиција на „Кралскиот колеџ“ од Лондон. Никола Коџабашија истовремено предавал композиција на истиот колеџ, а во сезоната 2001-02 бил и композитор/раководител и диригент во „Националниот театар Лондон“.

Кариера[уреди | уреди извор]

Првите композиторски обиди на Никола Коџабашија датираат од почетокот на деведесеттите години. Главно со неокласичен и модален призвук, но тогаш започнал и и неговиот интерес за применета електро-акустична музика за театар, телевизија и филм. Престојот во Лондон и соработката со режисерски или композиторски имиња го навеле во почетокот да работи во сферите на таканаречената „применета музика“. Од оваа соработка произлегле музичко-сценскиот спектакл „Баханалии” според Еврипид со кој го отвориле меѓународниот фестивал на старогрчка драма „Епидаурус во 2001”, како и музиката за Аристофановата фарса „Птици” во режија Кетрин Хантер, за што бил номиниран за престижната британска награда од областа на културата и уметноста – „Arts Foundation Award“. Како сценски композитор гостувал на сцените на театарот „Буфе ду Норд“ во Франција, Националните театри во Италија, Данска, Јапонија, Тајван, Турција, Грција, САД.

Од соработката со британскиот режисер Доминик Хил ја компонирал музиката за „Тројцата мускетари и принцезата од Шпанија“ и „Злосторство и казна”. Во продукција и нарачка на холивудскиот актер Кевин Спејси ја компонирал звучната инсталација за трагичниот еп „Изгорени“ од либанско-канадскиот драматург Важди Муавад. Во лондонските „Сохо“ и „Буш“ театари ја создал муиката за „Земјата на мртвите” и „Господин Ибраим и цвеќињата на Куранот“.

Дела[уреди | уреди извор]

Автор е и на првиот современ македонски мјузкл Пенелопе Икс (2013).

За телевизија и филм, ги компонирал следните мјузикли:

  • партитурите за наградениот филм на Саша ДамјановскиDefining Fay“ во 2012 година и „Танцувај со мене“ во 2006 година
  • Зелени страници“ 2004,
  • Бабички на Револуцијата” 2005 од Петра Селишкар и Бранд Феро
  • Драга Ана“ 2011 на Валтер Мејерјохан со Кетрин Хантер
  • Документарната серија на BBC4 „Историјата на расизмот“ 2010
  • Документарецот „Светци“,
  • Документарецот „Пол Тикел

Никола Коџабашија бил диригент и уредник на филмската музика на Кирил Џајковски за „Големата вода“ од 2005 година во режија на Иво Трајков, за „Прашина“ од 2001 година во режија на Милчо Манчевски итн[2] .

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коџабашија“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 751. (2009). Скопје: МАНУ.
  2. „Никола Коџабашија“. http://sokom.mk. Посетено на 2020-08-16. Надворешна врска во |publisher= (help)