Владимир Мартиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Владимир Мартиновски (Скопје, 1974) — македонски поет, есеист, прозаист, книжевен преведувач и антогичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Владимир Мартиновски е роден е во Скопје во 1974 година. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, каде што и магистрирал во 2001 г. на тема „Интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности“. Докторирал на Универзитетот Париз III – Sorbonne Nouvelle, на тема „Аспекти на екфразиската поезија: Ш. Бодлер, В.К. Вилијамс, С. Јаневски, В. Урошевиќ, Џ. Ешбери и И. Бонфоа“. Работи како редовен професор по предметите „Компаративни поетики“ на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.[1]

Тој е член е на Извршниот одбор на Меѓународната асоцијација за семиотика, на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност, на извршниот комитет на Европската мрежа за компаратистички проучувања, на ЗККМ, на ДПМ и на Македонскиот ПЕН.

Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици. Исто така, Мартиновски се занимава и со музика при што учествувал во музички проекти и изданија на: Оркестарот од изворни народни инструменти „Пеце Атанасовски“, „Калдрма“ и „Баклава“.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Поезија
  • Морска месечина (Магор, 2003)
  • Скриени песни (Магор, 2005)
  • И вода и земја и оган и воздух (Магор, 2006)
  • Квартети за читање, гледање, пеење и слушање (Кликер, 2010 - награда „Браќа Миладиновци“)
  • Побрзај и почекај / Hurry un and Wait (Кликер, 2011) (на македонски и англиски јазик, препев на англиски: Калина Јанева)
  • Пред и по танцот (Кликер, 2012)
  • Вистинска вода (Кликер, 2014)
  • Внатрешни планини (Кликер, 2016)
  • Сонувани и будни песни / Dream and Awake Poems (Кликер, 2017) (на македонски и англиски јазик, препев на англиски: Милан Дамјаноски)
  • 101 сонет од една чудна пролет (Кликер, 2020)
Поезија за деца
  • Дур дишам се надевам - и други песни за деца на работ на младоста (Dum spiro spero) / (Ars Lamina, 2019)
  • Шах со Бах (Чудна шума, 2020)
  • Хор во задниот двор (Чудна шума, 2021)
Поетски избори
  • Portrait of Poet with an Umbrella (на англиски и романски јазик, препев на англиски: Калина Јанева и Милан Дамјаноски, препев на романски: Јон М. Думитру). Букурешт: Orient-Occident, 2011
  • Reverse Profile (на англиски: М. Дамјаноски и К. Јанева, германски: Б. Лангер, чешки: С. Рибарова, романски: Ј. Думутру, бугарски: Р. Кисјов и српски: Н. Вујадиновиќ). Струга: СВП, 2011
  • Kvarteta (Z makedonštiny přeložila: Slavomira Ribarova). Brno: Větrné Mlýny, 2013
  • La Vraie eau (traduit par Jeanne Angeloski). Lyon: Jacques André éditeur, 2016
  • Turbulencije (препев на хрватски: Ивица Баковиќ, препев на англиски: Милан Дамјаноски). Zagreb: Goranovo proljeće - Versopolis, 2019.
  • Преображения (избрани стихотворения и хайбуни - подбрал и претворил от македонски Роман Кисьов). София: Издателство „Ерго”, 2020.
Книжевно-теориски студии и есеистички книги
  • Од слика до песна: интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности - студија (Магор, 2003)
  • Споредбени триптиси - студии и есеи (Магор, 2007)
  • Слики за читање: аспекти на екфразиската поезија - студија (Магор, 2009)
  • Les Musées Imaginaires - студија (L'Harmattan, 2009) (на француски јазик)
  • Споредбени диптиси - студии и есеи (Магор, 2011)
  • Зоон поетикон - аспекти на современата македонска поезија - студии и есеи (Кликер, 2013)
  • Narro ergo sum / Раскажувам значи постојам - аспекти на книжевно-уметничкото раскажување (Антолог, 2015)
  • Поетски (ре)визии - студии, огледи и осврти за поезијата (Магор, 2018)
  • Далеку, а блиску - компаративни студии и есеи за македонско-јапонските книжевни врски (Три, 2020)
  • Век со Конески, мигови со Блаже - компаративни читања на поезијата на Б. Конески (Бегемот, 2022)
Проза
  • Ехо од бранови - хаибуни (Или-или, 2009)
  • Околу Европа (заедно со Петра Хулова, Зудабе Мохавез и Кристин Димитрова - на македонски, чешки, германски и бугарски јазик) (2012)
  • Мачка во магла - хаибуни (Темплум, 2016)
  • Небо без ѕвезди - хаибуни (Или-или, 2016)
  • Зоостории - раскази и куси прози (Бегемот, 2019)
Антологии
  • UT pictura poesis - Поезијата во дијалог со ликовните уметности: тематски избор од македонската поезија - на македонски и англиски јазик (СВП, 2006)
  • Кога пеперутката ќе стане песна (антологија на македонската современа поезија на фламански јазик) - заедно со Лидија Капушевска-Дракулевска (2010)
  • Нов македонски хаику-бран - на македонски и англиски јазик (СВП, 2011)
  • Лирски додекамерон - антологија на младата македонска поезија (СВП, 2012)
  • Поезијата на стара Јапонија - антологија на јапонската поезија од архаичниот период до ерата Меиџи (Магор, 2014)
  • Антологија на светската поезија, том II (од V до XV век) од Калидаса до Вијон (Арс Ламина, 2016)
  • Летаат приказни - мала антологија на современата македонска микрофикција (Темплум, едиција „Друга приказна”, 2019)
  • Очудувања 3 — збирка раскази од повеќе автори (Бегемот, 2019)
  • Џинџуџе во земјата на афионите - антологија на македонскиот краток расказ - заедно со Никола Гелевски (Темплум, 2022)
  • Музика, секогаш и уште - поезијата во дијалог со музиката (СВП, 2022)
Зборници научни трудови
  • Метаморфози и метатекстови - заедно со Весна Томовска (ДККМ и Антика, 2008)
  • Одисеи за Одисеја - заедно со Весна Томовска (ДККМ и Антика, 2010)
  • Literary Dislocations / Déplacements littéraires / Книжевни дислокации (Зборник од 4. Конгрес на REELC / ENCLS) - заедно со Соња Стојменска-Елзесер (Институт за македонска книжевност, 2012)
  • Сите лица на смешното од антиката до денес - заедно со Весна Томовска (ДККМ и Антика, 2013)
Преводи
  • Анри Мишо, Во земјата на магијата (Темплум, 2004)
  • Максанс Фермин, Снег (Или-или, 2005)
  • Зен приказни, (заедно со Владимир Јанковски) (Магор, 2013)
  • Поезијата на стара Јапонија - антологија (Магор, 2014)
  • Дејан Алексиќ, Мали огласи (Арс Ламина, 2017)
  • Жорж Батај, Еротизам (Артконект, 2018)
  • Иван Херцег, Ноќни луѓе (ПНВ публикации, 2021)
  • Силвен Тесон, Богородична париска цркво, ој кралице на болката (Три, 2021)

Награди[уреди | уреди извор]

  • Прва награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ (2009), за расказот „Бубамара на зрно од калинка“.
  • „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата (2010), за стихозбирката „Квартети за читање, гледање, пеење и слушање“.
  • „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија, за најдобра книга критики (2013), за книгата „Зоон поетикон“.
  • „Витез на македонскиот пишан збор“ (2014).
  • „Антев златник” на меѓународната поетска манифестацијата „Анте Поповски” (2020), за поетскиот ракопис „Жив(отн)и песни”.
  • „Лирата на Орфеј” на меѓународниот поетски фестивал „Орфеј - Пловдив” (2020), за најдобра песна „Обратен профил”.

Извори[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 362.