Пајажината на Шарлота

Пајажината на Шарлота (англиски: Charlotte's Web) — роман за деца на американскиот писател Елвин Б. Вајт од 1952 година.
Содржина
[уреди | уреди извор]Книгата се состои од 22 глави:[1]
- Пред појадок
- Цанко
- Бегство
- Осаменост
- Климентина
- Лето
- Лоши вести
- Разговор дома
- Фалба за Цанко
- Експлозија
- Чудо
- Средба
- Добар напредок
- Доктор Благој
- Штурците
- На панаѓурот
- Кирко
- По ладот
- Кожурок
- Конечен триумф
- Последниот ден
- Топол ветар
Изданија на македонски јазик
[уреди | уреди извор]Во 2004 година, романот бил објавен од издавачката куќа „Просветно дело“, Редакција „Детска радост“, во рамките на библиотеката Лектирни изданија. Во македонскиот превод, оригиналниот наслов е променет во „Пајажината на Климентина“, а исто така, прасето Вилбур е наречено Цанко. Преводот на македонски јазик е дело на Драги Михајловски, автор на илустрациите е Димче Исаиловски, лектурата и коректурата ги извршил Катерина Ноневска, дизајнот и графичкото уредување го направил Жарко Туниќ, а книгата била испечатена во печатницата „Напредок“ во Тетово. Книгата, со обем од 133 страници и димензии од 20 сантиметри е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-684-2.[2]