Иван Шопов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иван Шопов
Занимањеписател
Националностмакедонeц
Државјанствомакедонско
ОбразованиеФилозофски факултет Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Иван Шопов (25 јули 1987, Скопје, Македонија) — македонски писател.

Животопис[уреди | уреди извор]

Иван Шопов дипломирал на Катедрата на општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултетБлаже Конески“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј[1] во Скопје. Иван Шопов е автор на збирка раскази Азбука и залутани записи, 2010 година, за која ја добил наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, збирката песни во проза Меше на годината (2012), 091 – антиразгледници од Скопје, збирката раскази 091 – антиразгледници од Скопје 2018, збирката сатирични текстови Хрониките на Арслан Новинарски 2018, мини-книгата Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од Застава 750 2019 и збирката раскази Скопје: изгубените чевли на градот 2020.

Пишува и поезија и хаику. Расказите и песните му се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и бугарски јазик. Заедно со Владимир Лукаш, во 2019 го основа мобилниот културен центар КЦ 750. Иван Шопов работел како уредник во издавачката куќа „Темплум“ од Скопје. Тој е сопруг на писателката Николина Андова Шопова.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Азбука и залутани записи[2], раскази, 2010 година;
  • Меше на годината, прсни во проза, 2012)година;
  • 091 – антиразгледници од Скопје, раскази, 2018 година;
  • Хрониките на Арслан Новинарски, сатирични текстови, 2018 година;
  • Скопје: изгубените чевли на градот, раскази, 2020 година.

За книгата Азбука и залутани записи добил првата награда на конкурсот „Новите!“ во 2010 година, и „Меше на годината“ (издание на „Темплум“, 2012). Неговите раскази и песни се објавени во неколку списанија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://www.novamakedonija.com.mk/zivot/od-drug-agol//
  2. https://okno.mk/sites/default/files/068-ivan-sopov-azbuka-i-zalutani-zapisi_0.pdf