Меше на годината

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Меше на годината: поема со масни наслаги е збирка куси раскази на македонскиот писател Иван Шопов, објавена во 2012 година од издавачката куќа “Темплум”.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Збирката „Меше на годината“ е објавена како 101 книга од библиотекатаМагма“. Таа има 91 страница и е испечатена во мек повез и со мал формат (17 сантиметри). Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, со ознаката ISBN 978-608-4658-10-8. На предната корица е ставена слика од Жан Арп, на крајот од книгата има список на изданијата во рамките на библиотекатаМагма“, додека на задната корица е даден кус осврт врз делото и куса биографија на авторот. Книгата е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката „Меше на годината“ содржи предговор, напишан од авторот, 33 нумерирани песни во проза, еден расказ насловен како „Награда за животно дело“, како и 25 куси раскази без наслови, кои условно можат да се наречат гатанки.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Иван Шопов, Меше на годината: поема со масни наслаги, Темплум, Скопје, 2012.
  2. Иван Шопов, Меше на годината: поема со масни наслаги, Темплум, Скопје, 2012.