Шумска треперка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шумска треперка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Тресиопашки
Род: Anthus
Вид: Шумска треперка
Научен назив
Anthus trivialis
(Linnaeus, 1758)

     Размножување      A. t. haringtoni размножување на подвидот      посетител      зимување

Шумската треперка (науч. Anthus trivialis) е мала врапчевидна птица од семејството на тресиопашките (Motacillidae), родот на треперките (Anthus); која се размножува низ умерена Европа и Азија, и северозападна Африка. Ја има и во Македонија. Таа е птица преселница што зимува во тропска Африка и Азија.

Опис[уреди | уреди извор]

Шумска треперка

Оваа мала треперка е слична на ливадската треперка. На земја е незабележлива заради нејзините бои, прошарани со кафеаво одозгора и црни ленти, бел стомак и кремави гради со потемни вертикални линии. Се разликува од ливадската по тоа што е малку поголема, по потешкиот клун и посилниот контраст меѓу кремавите гради и белиот стомак. Шумската треперка почесто се перчи на гранките од дрвјата. Повикот ѝ е силно спик. Песната при летот ѝ е непогрешлива. Птицата полетува на кратко растојание нагоре од дрвото, а потоа со вкочанети крилја полека се спушта надолу, кога песната со приближувањето станува сè поразвлечена.

Поведение[уреди | уреди извор]

Живеалиштето на шумската треперка се шумите и грмушките. Претпочитаат пустари, или брезови шуми, со ниски грмушки, со треви и во близина да има потоци. Таа е птица преселница која се размножува од почетокот на мај до август, а се сели во Африка на почетокот од септември.

Гнезди на земја, во тревата и несе 4-8 јајца.

Се харанат со безрбетници кои ги пронаоѓаат пасејќи во тревата, но исто така, јадат и семиња.

Систематизација[уреди | уреди извор]

Видот Anthus trivialis има 4 подвида:

  • A. t. haringtoni
  • A. t. schueteri
  • A. t. sibiricus
  • A. t. trivialis

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Anthus trivialis. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]